Close Menu
Press24
    Најново

    Загреб: Баба (88) фрлала тегли кон полицаец и гризнала полицајка

    27.10.2026 во 19:17

    Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа 

    27.10.2026 во 19:15

    Николова: Со вториот ребаланс власта ги крати парите за реконструкција на училишта, студентски и ученички домови 

    27.10.2026 во 19:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Загреб: Баба (88) фрлала тегли кон полицаец и гризнала полицајка
    • Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа 
    • Николова: Со вториот ребаланс власта ги крати парите за реконструкција на училишта, студентски и ученички домови 
    • Лавров: Русија не гледа суштинска промена во ставот на европските земји кон конфликтот во Украина
    • Неочекувана понуда од Кремљ: Путин му гарантира целосна безбедност на Зеленски доколку ја посети Москва
    • Петмина повредени во сообраќајна несреќа во Струмица
    • Путин ја предупреди Европа: Со санкциите врз рускиот гас Европската Унија сама си ја копа сопствената јама
    • Големо враќање: Велика Британија од 1 јануари повторно се приклучува на програмата „Еразмус плус“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Денеска лидерска средба во Клубот на пратеници: Ахмети, Касами и Апасиев потврдија, Филипче одби

    Денеска лидерска средба во Клубот на пратеници: Ахмети, Касами и Апасиев потврдија, Филипче одби

    14.01.2026 во 09:152 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Клубот на пратениците денеска, на иницијатива на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе се одржи лидерска средба на парламентарните партии. На дневен ред се клучни реформски закони, изборот на народен правобранител, Изборниот законик и укинувањето на Пржинската влада.

    Учество на средбата потврдија лидерите на ДУИ, Али Ахмети, на Левица, Димитар Апасиев, како и претставници на коалицијата Вреди и движењето ЗНАМ. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, единствен го одби повикот, со став дека техничката влада мора да остане како гарант за фер избори.

    „Ние ја прифативме поканата и одлучивме да одиме на лидерската средба. Во поканата нема конкретни прашања“, изјави координаторот на Вреди, Беким Ќоку, додавајќи дека на земја што преговара за ЕУ не ѝ прилега техничка влада.

    Премиерот Мицкоски изрази жалење за одлуката на СДСМ, нагласувајќи дека сакал инклузивен процес. „Тема на лидерската средба е само Законот за Владата. Ако ние се однесуваме неодговорно, како што се однесува тој, нам не ни е потребна лидерска средба, ние со 61 глас може да ја избришеме техничката влада“, рече Мицкоски.

    Левица ќе присуствува, но со услов укинувањето на техничката влада да оди во пакет со една изборна единица. „Сметаме дека сега е времето да влеземе во конструктивен дијалог“, изјави пратеникот Амар Мециновиќ.

    Прочитај повеќе

    Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа 

    27.10.2026 во 19:15

    Николова: Со вториот ребаланс власта ги крати парите за реконструкција на училишта, студентски и ученички домови 

    27.10.2026 во 19:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.