Close Menu
    Најново

    СДСМ: Владата на Мицкоски наместо кон интеграција земјата ја води во изолација

    13.01.2026 во 09:51

    Вечерва се пречекува Стара нова година: Утре е Василица и Обрезание Господово

    13.01.2026 во 09:34

    Дневен хороскоп: Шкорпиите со силна интуиција, Стрелците се подготвени за нови искуства

    13.01.2026 во 09:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • СДСМ: Владата на Мицкоски наместо кон интеграција земјата ја води во изолација
    • Вечерва се пречекува Стара нова година: Утре е Василица и Обрезание Господово
    • Дневен хороскоп: Шкорпиите со силна интуиција, Стрелците се подготвени за нови искуства
    • Горивата поскапеа – ова се новите цени
    • Ужас ја потресе Македонија: Татко ја допирал 13-годишната ќерка, во Неготино плаќале дете за да имаат сексуални односи
    • Минусни температури во цела Македонија: Утрово измерени -12 степени
    • Трамп најави 25% царини за сите држави кои соработуваат со Иран
    • Трагедија во Охрид: Во несреќен случај загина 28-годишниот снимател Кристијан Љушев
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » СДСМ: Владата на Мицкоски наместо кон интеграција земјата ја води во изолација

    СДСМ: Владата на Мицкоски наместо кон интеграција земјата ја води во изолација

    13.01.2026 во 09:51
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Актуелната влада на премиерот Мицкоски наместо кон интеграција земјата ја води во изолација, велат од СДСМ.

    „Наблизок соработник на Мицкоски и вицепремиер во неговата Влада е Иван Стоилковиќ, чии отворени проруски ставови и директни врски со Москва се сериозна закана за евроатланската ориентација на земјата.

    Пред само неколку дена, вицепремиерот Иван Стоилковиќ присуствуваше на прославата на Денот на Република Српска заедно со групата „Ноќни волци“  познати по поддршката на Путин и ширењето анти-западни наративи.  

    Уште полошо од ова е што и самиот премиер Мицкоски, и покрај јавните изјави за стратешка соработка со САД и ЕУ интеграција, со своите постапки и блиски врски со Вучиќ и СНС, прави сѐ спротивно, водејќи ја Македонија кон изолација.

    Реформите за ЕУ намерно се избегнуваат, намерно се создаваат конфликти со соседите, се измислуваат причини за да се блокираат преговори. Се е смислено сценарио, дел од една анти – ЕУ кампања за власта да продолжи пљачката на државата. 

    Според најновите истражувања од 2025 година, дури 70% од граѓаните на Северна Македонија поддржуваат пристапување кон ЕУ, а 77% го гледаат членството во НАТО како позитивно.

    Ова покажува дека политиката на изолација на Мицкоски оди против волјата на народот, водејќи ја земјата кон економска и политичка маргинализација“, стои во соопштението од СДСМ.

    Популарно

    Трагедија во Охрид: Во несреќен случај загина 28-годишниот снимател Кристијан Љушев

    12.01.2026 во 23:43

    Земјотрес ја стресе Македонија

    12.01.2026 во 08:21

    Ледена ноќ во Македонија: Во 22 часот измерени -10 степени, екстремен студ во целата држава

    12.01.2026 во 23:16

    Ужас ја потресе Македонија: Татко ја допирал 13-годишната ќерка, во Неготино плаќале дете за да имаат сексуални односи

    13.01.2026 во 09:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.