Close Menu
Press24
    Најново

    Италија воведува црвен аларм за сите 27 поголеми градови поради екстремниот топлотен бран

    04.08.2026 во 23:46

    СЗО бара итна меѓународна помош: Епидемијата на ебола во Конго излегува од контрола

    04.08.2026 во 23:26

    По три дена борба со огнот: Целосно изгаснат пожарот во кавадаречкото село Раец

    04.08.2026 во 23:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Италија воведува црвен аларм за сите 27 поголеми градови поради екстремниот топлотен бран
    • СЗО бара итна меѓународна помош: Епидемијата на ебола во Конго излегува од контрола
    • По три дена борба со огнот: Целосно изгаснат пожарот во кавадаречкото село Раец
    • Полицаец камуфлиран како грмушка за шест часа казни 74 возачи
    • На Инфективна се лекуваат 10 пациенти со Западнонилска треска, тројца се во критична состојба
    • Фатен со речиси 400 таблети дрога: СВР Куманово поднесе кривична пријава против 30-годишник
    • Немал возачка а имал нерегистрирано возило па си го возел: Скопјанец заврши во полициска станица и остана без „мерцедес“
    • Скопјанец ја тепал мајка си, стружанец татко си – полицијата ги приведе
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лукаревска: Власта се задолжува – опасно е, а си врти и криминални тендери

    Лукаревска: Власта се задолжува – опасно е, а си врти и криминални тендери

    12.01.2026 во 14:432 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Нема пари, задолжувањето оди во опасна насока. Власта трупа нови долгови врз грбот на народот. Во Собранието Владата поднела Предлог Закон за ново задолжување од 20 милиони евра, за изградба на фискултурни сали ама без информација за износот на каматната стапка, изјави денеска пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска.

    Нема пари за плати, нема пари за минимална плата од 600 евра, нема пари за нови мерки за поддршка на стандардот на граѓаните. Има само за криминални тендери кои вртат секој ден, и тоа со милонски суми за едни исти фирми блиски до власта.

    Недостасуваат 1 милијарди евра. Огромната дупка очигледно власта ќе ја поплнува со нови и нови долгови кои треба да ги плаќаат иднинте генерации.

    Веќе Владата се задолжи една милијарда од Унгарија, 660 милиони на домашниот пазар, само во декември 2025 година владата со државни обврзници се задолжи за 100 милиони евра.

    Се најавува и кредит од дури 6 милијарди евра.

    Светската банка веќе проектира дека јавниот долг оваа година ќе достигне 62,9% од БДП – што не прави најзадолжена земја на Западен Балкан.

    Оваа Влада ги турка граѓаните во должничко ропство.

    Ова мора да престане. Пратениците на СДСМ ќе се спротистават на ова и на секое идно задолжување.

    Власта да го повлече ова задолжување, да ги намали трошоците, да ги снема криминалните тендери и да го намали задолжувањето за да има пари за граѓаните, изјави Лукаревска.

    Прочитај повеќе

    Николоски: Секогаш сме спремни за избори

    04.08.2026 во 19:56

    Николоски се сретна со Варнс: Инфраструктурните проекти и економската соработка во фокусот на разговорите

    04.08.2026 во 18:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.