Close Menu
Press24
    Најново

    Средба на Сиљановска-Давкова со Здружението на воени ветерани и воени инвалиди „Братство 2001“

    12.06.2026 во 19:26

    На фарма во Србија: Загина маж – го нападнал бик

    12.06.2026 во 19:25

    Техеран и Вашингтон пред потпишување историски договор

    12.06.2026 во 19:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Средба на Сиљановска-Давкова со Здружението на воени ветерани и воени инвалиди „Братство 2001“
    • На фарма во Србија: Загина маж – го нападнал бик
    • Техеран и Вашингтон пред потпишување историски договор
    • Facebook и Instagram повторно во функција
    • Договорени дирекна авиолинија Анкара – Скопје
    • Мицкоски: Голем интерес на турските компании за инвестирање во Македонија
    • Трамп: Протечените информации за договорот со Иран не се точни
    • Новиот план на Трамп: Ќе депортира мигранти од Иран во една од најсиромашните земји во светот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Претседателката пред народните избраници: Предложените членки на Судски ги бирав по стручноста

    Претседателката пред народните избраници: Предложените членки на Судски ги бирав по стручноста

    12.01.2026 во 14:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на денешната седница на Собранието ги образложи своите предлози за избор на Арлинда Кадри-Шахиновиќ и Сузана Јошевска-Анастасовска за членки на Судскиот совет, нагласувајќи дека изборот е направен врз основа на стручност, компетентност, професионалност и личен интегритет.

    Обраќајќи се пред пратениците, Сиљановска-Давкова истакна дека реформите во правосудството мора да ги водат личности со јасен професионален и морален кредибилитет, бидејќи Судскиот совет има клучна улога во стабилизирањето на судскиот систем.

    – Од дискусиите овде, и не само овде туку во јавноста општо, јасно беше дека Судскиот совет стана фактор на криза во судството… Двете кандидатки не ги предложив затоа што се жени, туку пред сѐ заради нивната стручност и компетентност, рече претседателката.

    Таа потенцираше дека покрај професионалните квалификации, клучна е и етичката димензија, која, според неа, е предуслов за независно и функционално судство.

    – Судскиот совет е рентгенот, микроскопот, во него треба да седат луѓе кои ќе треба да оценуваат врз основа на тоа што го имаат како квалификација, но и врз основа на интегритетот и дигнитетот… Во правото најважни се законитоста, уставноста, етиката, бидејќи само таков орган ќе може да одлучува за дисциплинска одговорност, за избор на судии, разрешување судии…, истакна Сиљановска-Давкова.

    Претседателката нагласи дека реформските процеси во судството започнуваат токму од Судскиот совет и дека неговото правилно функционирање е предуслов за враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем.

    Прочитај повеќе

    Средба на Сиљановска-Давкова со Здружението на воени ветерани и воени инвалиди „Братство 2001“

    12.06.2026 во 19:26

    53-годишен гостиварец го нападнал синот, а се заканувал со остар предмет

    12.06.2026 во 17:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.