Close Menu
Press24
    Најново

    Инцидент во Скопје: Караница меѓу соседи заврши со физички напад

    16.03.2026 во 08:21

    Тешка несреќа во Македонија: Возило излета од патот, возачот тешко повреден

    16.03.2026 во 08:16

    АМСМ со апел возачите да внимаваат: Состојба на патиштата

    16.03.2026 во 08:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Инцидент во Скопје: Караница меѓу соседи заврши со физички напад
    • Тешка несреќа во Македонија: Возило излета од патот, возачот тешко повреден
    • АМСМ со апел возачите да внимаваат: Состојба на патиштата
    • Една година од трагедијата која ја зави Македонија во црно – Болка и сеќавање за 63. ангели
    • Ќе нема струја до 15 часот – Најавени исклучувања низ Скопје
    • Уживајте денеска во сонцето – Од утре голем пресврт со времето
    • Хрватскиот претседател загрижен: Србија се снабдува со офанзивно оружје од Кина
    • Ирански МНР: Врховниот лидер е во одлична здравствена состојба
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Гаши: Координаторите на пратеничките групи да се усогласат околу Народниот правобранител за да најдеме решение

    Гаши: Координаторите на пратеничките групи да се усогласат околу Народниот правобранител за да најдеме решение

    12.01.2026 во 13:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Спикерот Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите информираше дека на координацијата ги повикал координаторите на пратеничките групи да се усогласат околу изборот на Народниот правобранител и да се најде решение.

    -Ги повикав координаторите на пратеничките групи да се усогласат околу Народниот правобранител ако можеме да најдеме решение. Немаше некоја забелешка околу тоа. Никој не беше против, само ќе треба да се разговара во меѓувреме. Се надевам дека набрзо ќе дојдеме до решение. Никој не го оспорува името на кандидатот за Народен правобранител. Јас мислам дека ако почнеме нова процедура, уште толку ќе трае и нема никаква гаранција на крај како ќе заврши, затоа што и на новиот оглас не знаеме кој ќе се пријави. Влегување во таков процес, ќе го ризикува процесот во целина, рече тој.

    Според него, за ова прашање потребни се политички разговори на ниво на координаторите на пратеничките групи.

    -Што се однесува до нас како Собрание, ние сме ја донеле процедурата до седницата и точката е на дневен ред. Штом има договор, веднаш ќе ја свикам седницата и ќе го гласаме. Ги повикувам пратеничките групи да се договорат. А дали ќе се договорат, е до нив. Неколку пати сум рекол дека проблемот не е името, но веќе сега во јануари каде што е блокирана институцијата, ќе биде голем проблем ако се навратиме на нов оглас, нова постапка, тоа ќе биде голем проблем. Ние дали сакаме да го решиме проблемот? Времето не гази, изјави Гаши и информира дека ако кандидатот се повлече, постои можност од пријавените други кандидати да се изврши филтрирање на нов кандидат за избор на Народен правобранител.

    Популарно

    Ќе нема струја до 15 часот – Најавени исклучувања низ Скопје

    16.03.2026 во 08:01

    Уапсени 13 возачи низ државата: Пијани предизвикувале несреќи, див таксист фатен во Скопје

    15.03.2026 во 12:44

    Дневен хороскоп: Пресврт кај Овенот, се отвораат нови врати за Шкорпијата

    12.03.2026 во 09:05

    Уживајте денеска во сонцето – Од утре голем пресврт со времето

    16.03.2026 во 07:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.