Close Menu
Press24
    Најново

    Петрушевски до Петровска: Единствено што направивте за земјоделието е бизнисот со марихуана кој го добиваа луѓе од вашата партија

    10.06.2026 во 19:00

    Скопската вода е безбедна за пиење

    10.06.2026 во 18:28

    Татко од Велес подолг период ги малтретирал и тепал неговите ќерки

    10.06.2026 во 18:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Петрушевски до Петровска: Единствено што направивте за земјоделието е бизнисот со марихуана кој го добиваа луѓе од вашата партија
    • Скопската вода е безбедна за пиење
    • Татко од Велес подолг период ги малтретирал и тепал неговите ќерки
    • Петкоска до Тренчевска: Го оставивте земјоделството во хаос,  а министерот Трипуновски ви боде очи затоа што е нон стоп на терен помеѓу луѓето
    • Стојаноска до Тренчевска: Да имавте вие министер за земјоделие како што е Трипуновски сега немаше да седите во опозициските клупи и да молчите криејќи се од правдата
    • Апасиев до Трипуновски: Вие сте министер на шумската и кванташката мафија
    • Ангелова: СДС не може да ги поднесе резултатите на министерот Трипуновски во земјоделството, затоа поднесува интерпелација
    • Петровска: Трипуновски потона во скандали и корупција, а земјоделците останаа без субвенции и без пари
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Состојбата се стабилизира, но има штети: Паднат мост во Демир Хисар, одрон на патот кон Маврово

    Состојбата се стабилизира, но има штети: Паднат мост во Демир Хисар, одрон на патот кон Маврово

    11.01.2026 во 12:561 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Иако врнежите од дожд и снег престанаа во поголемиот дел од државата, последиците од невремето сè уште создаваат проблеми во инфраструктурата и одредени населени места. Според најновите информации до 12:30 часот, најкритично е во Демир Хисар, каде поради оштетување на мост на Боишка Река, локалниот пат за селото Мренога е целосно затворен за сообраќај.

    Во западниот дел, регистриран е одрон на патниот правец Гостивар – Маврово, во близина на каменоломот, за што се ангажирани екипи за расчистување. Во Кумановско, патот од Пелинце до граничниот премин бил подмрзнат, но по интервенција на ЈП „Македонија пат“ сега е чист.

    Што се однесува до водостоите:

    • Охрид и Струга: Реката Сушица е ставена под контрола со насип, но во Охрид сè уште има поплавени подруми, а во струшките села Мислешево и Калишта поплавени се дворови.
    • Пелагонија: Реката Црна сè уште се излева во атарот на селата Жван и Единаковци, додека кај Новаци нивото е 320 см.
    • Кичево и Ресен: Водостоите на Треска, Зајашка и Голема Река се намалуваат и водата се повлекува.

    Во Скопје, Штип, Велес и Струмица состојбата е целосно стабилна и без пријавени штети.

    Прочитај повеќе

    Петрушевски до Петровска: Единствено што направивте за земјоделието е бизнисот со марихуана кој го добиваа луѓе од вашата партија

    10.06.2026 во 19:00

    Скопската вода е безбедна за пиење

    10.06.2026 во 18:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.