Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Ние со Христијан Мицкоски ќе останеме без нација
    • Филипче: Сите граѓани ќе добијат акции, ја исправаме неправдата со приватизацијата
    • ЛДП: Реформите на власта се за чист „два плус“ – спречете ги идните уцени со нашиот предлог за самозаштитни клаузули
    • Хера: ЕУ не предупреди – Македонија назадува во повеќе сегменти во човековите права, меѓу кои и родовата еднаквост
    • ВМРО-ДПМНЕ: 23 октомври не потсетува дека Македонија е наследство од предците и аманет за идните поколенија
    • Сиљановска-Давкова: Не можеме да ја чествуваме државноста, а да ја заборавиме пожртвуваноста на поколенијата што ги удриле нејзините темели
    • Честит 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба
    • Од Дубаи до Македонија: Стефанија Нусеибех носи нов пристап кон дизајнот на ентериери
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Отворени гласачките места – повторени локални избори во четири општини

    Отворени гласачките места – повторени локални избори во четири општини

    11.01.2026 во 10:092 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денеска во општините Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа се одржуваат повторни избори за градоначалник, откако во првиот круг од локалните избори, одржани на 19 октомври минатата година, не беше обезбедена законски потребната излезност од најмалку 33,33 проценти од регистрираните гласачи.

    Според Изборниот законик, за изборите да бидат успешни на повтореното гласање, потребно е повеќе од половина од граѓаните кои ќе излезат на гласање да го дадат својот глас за еден од кандидатите.

    Гласањето започна во 7:00 часот, а избирачките места ќе бидат отворени до 19:00 часот. Граѓаните се идентификуваат со важечки лични документи – лична карта или пасош, а проверката на идентитетот се врши и преку биометриски уреди.

    Во општина Гостивар гласањето се одвива на 120 избирачки места. Во Избирачкиот список се запишани вкупно 82.870 гласачи, од кои 78.185 се постојани жители на општината, а 4.604 се запишани на посебниот Избирачки список за гласачи кои живеат во странство.

    Во Маврово-Ростуше има 40 избирачки места, а право на глас имаат 10.575 граѓани. Од нив, 9.622 се жители на општината, додека 951 гласач е запишан на списокот за дијаспората.

    Во Врапчиште гласањето се одвива на 39 избирачки места, а во Избирачкиот список се запишани 27.279 гласачи. Од нив, 26.318 се постојани жители, а 950 гласачи се евидентирани како жители во странство.

    Во Центар Жупа гласањето се одржува на 16 избирачки места. Во Избирачкиот список се запишани 7.562 гласачи, од кои 6.305 се во општината, а 1.257 лица се запишани на посебниот список за гласачи од странство.

    Вчера, во овие четири општини, правото на глас го остварија болни и немоќни лица, како и лица кои се на издржување казна затвор.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Ние со Христијан Мицкоски ќе останеме без нација

    23.10.2026 во 11:01

    Филипче: Сите граѓани ќе добијат акции, ја исправаме неправдата со приватизацијата

    23.10.2026 во 11:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.