Close Menu
    Најново

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче одбива дијалог и подадена рака за градење политички консензус за државните интереси

    09.01.2026 во 14:48

    Разнесувале „паковки“: Паднаа двајца млади во Боговиње 

    09.01.2026 во 14:29

    Ужас фатен на камера: Снежен нанос усмрти 21-годишна девојка во Турција

    09.01.2026 во 14:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • ВМРО-ДПМНЕ: Филипче одбива дијалог и подадена рака за градење политички консензус за државните интереси
    • Разнесувале „паковки“: Паднаа двајца млади во Боговиње 
    • Ужас фатен на камера: Снежен нанос усмрти 21-годишна девојка во Турција
    • Поскапеа кафаните, храната и алкохолот
    • Тројца кавадарчани приведени за семејно насилство во еден ден
    • Наместо да застанат на „Стоп“ удриле полицаец со мотор, па следела бркотница: Малолетници пружале отпoр при апсење
    • Филипче: Техничката влада е црвената линија – нема лидерска средба за да му служиме како покритие на Мицкоски
    • Трагедија во Дебар: Работник загина при пад од зграда во изградба
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Филипче одбива дијалог и подадена рака за градење политички консензус за државните интереси

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче одбива дијалог и подадена рака за градење политички консензус за државните интереси

    09.01.2026 во 14:48
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Владејачката ВМРО-ДПМНЕ преку писмено соопштение жестоко реагираше на одбивањето на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, да седне на иста маса за реформските закони. Од партијата оценуваат дека зад овој потег се крие страв од соочување со правдата, а не политички принцип.

    „Венко Филипче не одбива само лидерска средба, Филипче одбива дијалог и подадена рака за градење политички консензус за државните интереси. Иако СДС и Филипче од уста не ја вадат европската интеграција на Македонија, денес уште еднаш покажаа дека нив тоа не ги интересира, дека тоа им е пропаганда за гола политика“, се вели во партиската реакција.

    Според ВМРО-ДПМНЕ, бегството од дијалог за реформите во правосудството и Обвинителството има јасна позадина – стравот на Филипче од губење на партиската заштита во институциите.

    „Го разбираме зошто е против реформите… Затоа што до коска е исплашен од чистењето на кадрите избрани од ‘Бихаќска’, кои го штитат од одговорност за криминалот од 20% провизија за модуларните болници, а која во Тетово го зеде данокот од 14 живи изгорени луѓе за само две минути“, стои во соопштението.

    Од владејачката партија директно ги набројуваат и останатите афери за кои сметаат дека Филипче стравува: 

    „За тендерите за набавка на јаглен за ЕСМ на фирма што нему му подарува луксузен џип ‘ауди’, за вакцините во корона-периодот, кои сакаше да ги набави за цена двојно повисока од пазарната, и тоа од компанија за тропско овошје, и ред други“, се вели во дописот.

    Дополнително, од ВМРО-ДПМНЕ реагираат и на односот на Филипче кон медиумите и безбедносните проекти. 

    „На Филипче му пречи и слободата на говорот на новинарите… па така, немајќи аргументи и одговори, новинарите, кои самиот ги викнал на брифинг, ги навредува дека шират пропаганда. Исто така, видовме дека на Филипче му смета и системот ‘Безбеден град’… кој во овој пробен период покажа дека е многу ефикасен во гарантирањето на безбедноста“, наведуваат од партијата.

    „На Македонија не ѝ треба ваква опозиција, која е против сè, само за да биде против. Време е Филипче да се надмине себеси“, заклучуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Популарно

    Паднаа четворица дилери, најстариот има 73 години

    07.01.2026 во 13:44

    Куманово: 16-годишно девојче со месеци преживувало хорор, 17 насилници ја силувале и ја уценувале

    08.01.2026 во 21:06

    Енергетски колапс во Романија: Над 11.000 домаќинства без струја, екипи со моторни санки и дронови се борат со невремето

    08.01.2026 во 20:56

    Трамп нуди до 100.000 долари по жител за да се отцепат од Данска

    09.01.2026 во 00:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.