Close Menu
    Најново

    Филипче: Техничката влада е црвената линија – нема лидерска средба за да му служиме како покритие на Мицкоски

    09.01.2026 во 12:37

    Трагедија во Дебар: Работник загина при пад од зграда во изградба

    09.01.2026 во 12:21

    Полициска акција во Куманово: Еден фатен на дело во туѓа куќа, друг уапсен за кражба на плоштадот

    09.01.2026 во 11:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Филипче: Техничката влада е црвената линија – нема лидерска средба за да му служиме како покритие на Мицкоски
    • Трагедија во Дебар: Работник загина при пад од зграда во изградба
    • Полициска акција во Куманово: Еден фатен на дело во туѓа куќа, друг уапсен за кражба на плоштадот
    • Владата вбризгува нови 6,9 милиони евра во стопанството: Речиси целосно искористен унгарскиот кредит за развој
    • Хаос во Иран: Најмасовни протести досега – гори во Техеран, властите го „исклучија“ интернетот
    • Архиепископот г.г. Стефан го пречекува државниот врв за својот именден
    • „Безобѕирно управување“: Кривични пријави за пијани возачи во Кичево и Старо Нагоричане
    • Суви чешми во Долно Лисиче: Прекин на водоснабдувањето поради дефект
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Филипче: Техничката влада е црвената линија – нема лидерска средба за да му служиме како покритие на Мицкоски

    Филипче: Техничката влада е црвената линија – нема лидерска средба за да му служиме како покритие на Мицкоски

    09.01.2026 во 12:37
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска категорично ја отфрли можноста за укинување на техничката влада, оценувајќи ја како единствена пречка за воспоставување на авторитарен режим. Тој објасни дека власта на Христијан Мицкоски не сака техничка влада не поради ефикасност, туку поради страв од контрола.

    Образложувајќи зошто СДСМ нема да оди на лидерска средба, Филипче беше дециден дека техничката влада е црвена линија:

    „Нема средба за техничката влада и таа мора да остане. Затоа што таа е последната линија на одбрана од целосно заробување и злоупотреба на најважното, а тоа е слободната волја на граѓаните за време на изборниот процес. Јасно е дека Мицкоски е во тесно, му се брза, се бара алиби за распишување избори. Не му треба дијалог, туку покритие“, рече Филипче.

    Според него, клучниот проблем за власта е моментот кога опозициски министер ќе влезе во институциите, особено во МВР:

    „Тие не ја сакаат техничката влада, затоа што кога ќе влезе министерот од опозиција, ќе има увид во сите злоупотреби и во целиот коруптивен систем кој што е сега поставен. Со оглед на тоа дека ние и нашиот антикорупциски тим веќе почнавме со објавување на аферите… може само да претпоставите што се се крие по институциите. И затоа не сакаат техничка влада, затоа што тоа за оваа власт ќе значи отворање на Пандорината кутија“, рече првиот човек на СДСМ.

    Филипче предупреди дека во услови на масовен дигитален надзор преку „Safe City“ и партизација на полицијата, техничката влада добива нова димензија:

    „Затоа што тоа не е веќе само техничко тело за спроведување избори, туку институционално вето против воспоставување на авторитарен режим во кој функциите се над законот, а граѓаните се под постојан надзор и закана“, рече тој.

    Популарно

    Куманово: 16-годишно девојче со месеци преживувало хорор, 17 насилници ја силувале и ја уценувале

    08.01.2026 во 21:06

    Паднаа четворица дилери, најстариот има 73 години

    07.01.2026 во 13:44

    Енергетски колапс во Романија: Над 11.000 домаќинства без струја, екипи со моторни санки и дронови се борат со невремето

    08.01.2026 во 20:56

    Трамп нуди до 100.000 долари по жител за да се отцепат од Данска

    09.01.2026 во 00:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.