Close Menu
Press24
    Најново

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50

    Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења

    02.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово
    • Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си
    • Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења
    • Берово: Четиригодишно девојче итно пренесено во болница откако проголтало капсула за перење
    • Драма во Охрид: По расправија за паркинг, 73-годишник вперил пиштол кон скопјанец
    • Тошковски на Илинден од Пелинце: Да ја јакнеме државата и да ги негуваме вредностите што ни ги оставија илинденците и асномците
    • Змија влегла во куќа во струмичко – интервенирале пожарникарите
    • Гори кај Кванташки пазар – ЦУК со најнови детали
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Помош за поплавените подрачја: ДЗС опреми прифатен центар во спортската сала во Кичево

    Помош за поплавените подрачја: ДЗС опреми прифатен центар во спортската сала во Кичево

    08.01.2026 во 14:441 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Тимови на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) во текот на изминатите два дена и ноќеска беа интензивно ангажирани на терен во критичните точки во Кичевско и Ресенско, координирајќи се со локалните служби од Системот за управување со кризи, соопшти ДЗС.

    Подрачното одделение на ДЗС Кичево дејствуваше во „Прилепска населба“, која е една од најпогодените од поплавите. За потребите на евакуираното население, ДЗС обезбеди и транспортираше 30 полски кревети и поголема количина ќебиња. Опремата е поставена во спортската сала „Македонија“ во Кичево, која е претворена во привремен центар за згрижување на лицата чии домови настрадаа од водената стихија.

    Паралелно се дејствуваше и во Ресенско. Таму тимовите на ДЗС со специјални пумпи ја црпеа навлезената вода од подруми, куќи и други објекти. Поради сериозноста на состојбата, во приправност бил ставен и специјален тим со два чамца, но за среќа, немало потреба од нивна употреба.

    Прочитај повеќе

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.