Close Menu
Press24
    Најново

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски на панел-дискусија: Разговаравме за мирот, дијалогот и стабилна Европа
    • Претседателката се сретна со Вајц и Рокас: Фокус на разговорите – македонската евроинтеграција
    • Сиљановска-Давкова: Надежта и разбирањето се неопходни во справувањето со Алцхајмеровата болест
    • Кремљ: Путин е подготвен за средба со Трамп, но сè уште нема договорен термин
    • И се заканувал на сопругата, и извадил и нож – маж заврши зад решетки
    • Тинејџер ја натепал баба му
    • 16 пожари на отворен простор, четири се уште активни
    • Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Испланирајте пред време: Оваа година има дури седум продолжени викенди

    Испланирајте пред време: Оваа година има дури седум продолжени викенди

    05.01.2026 во 09:482 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонските граѓани во 2026 година ќе имаат можност за седум продолжени викенди. Од вкупно 11 неработни денови предвидени за сите, дури седум се поврзуваат со викендот бидејќи паѓаат во петок или понеделник, или пак се префрлаат согласно законот.

    Првиот ваков викенд доаѓа на 20 март (петок) за Рамазан Бајрам. Веднаш потоа следи Велигден, каде неработен за сите е 13 април (понеделник), додека за православните верници неработен е и Велики Петок на 10 април.

    Мај носи две поврзани паузи: 1 мај (петок) – Денот на трудот и 24 мај – Денот на сесловенските просветители, кој бидејќи е во недела, се префрла во понеделник на 25 мај. Август исто така нуди одмор, со оглед на тоа што 2 август е во недела, па неработен ќе биде 3 август (понеделник).

    Есенскиот период е богат со празнични денови. Денот на народното востание, 11 октомври, паѓа во недела, па неработен ќе биде 12 октомври (понеделник). Кратко потоа, на 23 октомври (петок), се празнува Денот на македонската револуционерна борба.

    Верниците од православна вероисповед ќе уживаат во дополнителни три продолжени викенди: за Богојавление (Водици) на 19 јануари (понеделник), Духовден на 29 мај (петок) и Голема Богородица на 28 август (петок).

    Останатите неработни денови за сите граѓани се Нова Година (1 јануари), Божик (7 јануари), Денот на независноста (8 септември) и Свети Климент Охридски (8 декември).

    Прочитај повеќе

    Сиљановска-Давкова: Надежта и разбирањето се неопходни во справувањето со Алцхајмеровата болест

    23.09.2026 во 21:18

    И се заканувал на сопругата, и извадил и нож – маж заврши зад решетки

    23.09.2026 во 19:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.