Денеска (04.01.2026) во 02:20 часот с.Инџиково, скопско полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје извршија преглед на Р.С. од с.Гумалево, скопско и на патничкото возило “мерцедес” со скопски регистарски ознаки кое го управувал, при што кај лицето пронајден е кокаин, а во возилото пронајден е пиштол “Застава” М57 калибар 7,62 мм наполнет со рамка со девет куршуми за кој истиот не поседува дозвола.
Р.С. е лишен од слобода поради сторено кривично дело по член 396 и член 215 од Кривичниот законик и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
- Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа
- „Џемини“ на Гугл хакирал три компании за време на тест за кибер безбедност
- Илхан Ќучук: Потребна е јасна политичка посветеност на ЕУ кон Балканот
- Загина пензионер – паднал од мопед
- СДСМ: Две години од предавството на ЗНАМ, една љубов – тендери
- Трамп: Русите со години ги напаѓа сојузниците на Украина
- Запалиле кабли и го загадиле воздухот – Тројца охриѓани ќе одговараат кривично
- Трамп нареди: Три медиумски куќи не смеат да и пристапат на Белата куќа

