Close Menu
Press24
    Најново

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46

    Затвореник од Прилеп дал 890.000 денари за намалување на казната, па сфатил дека е измамен

    22.04.2026 во 13:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Енергетиката како стратешка алатка – Божиновска од Виена: Македонија се позиционира како регионален играч
    • Лефков: Техничката влада е дивоградба во правниот систем, власта мора да произлегува директно од волјата на граѓаните
    • Николоски: Австрија е наш силен поддржувач, соработката продолжува во насока на економскиот напредок
    • Министерот Хоџа во Виена ги презентираше еколошките приоритети пред австриската влада
    • Орце Ѓорѓиевски: Нека е аирлија булевар Борис Трајковски
    • Мицкоски од Виена: Отворен и конструктивен дијалог за унапредување на соработката, посебно во економијата
    • Димитровски за МИА од Делфи: ЕУ да направи конкретни чекори и да постави конкретни рокови за проширувањето со Западен Балкан
    • Падна Косовец на Блаце – во системот Интерпол го евидентирал по мерка „апси“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Малолетници фатени во криумчарење мигранти: 15-годишник од кочанско управувал „фиат“ полн со Египќани

    Малолетници фатени во криумчарење мигранти: 15-годишник од кочанско управувал „фиат“ полн со Египќани

    04.01.2026 во 11:092 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вчера околу 19:00 часот на влезот на Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица лишија од слобода 15-годишник од с.Тркање, кочанско и 16-годишник од с.Будинарци, беровско, со престој во Виница. Претходно, околу 18:40 часот била забележана група од шест мигранти кои се движат од Грција во Македонија, а откако навлегле на наша територија забележени се две возила кои се движет кон мигрантите, при што пет од нив влегуваат во возилото „фиат стило“ со делчевски регистарски ознаки. По преземени мерки возило е запрено на влезот на Гевгелија и констатирано е дека го управувал 15-годишникот, а 16-годишникот бил сопатник. Притоа, во возилото се пронајдени пет лица мигранти од Египет, од кои двајца малолетници. Набргу, во близина местото пронајден и лишен од слобода е М.Ј.(22) од Египет, кој бил водач на групата.

    Додека, по преземени мерки и активности, во 21:40 часот на улица „Христијан Карпош“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го пронашле и сопреле и второто возило „фолксваген голф“ со делчевски регистарски ознаки, по што, поради сомнение за инволвираност во настанот, од слобода се лишени 16-годишник со престој во Виница и Љ.П.(22) од Кочани, кое се превезувале во возилото.

    Сите лица се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

    Популарно

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.