Close Menu
Press24
    Најново

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50

    Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења

    02.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово
    • Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си
    • Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења
    • Берово: Четиригодишно девојче итно пренесено во болница откако проголтало капсула за перење
    • Драма во Охрид: По расправија за паркинг, 73-годишник вперил пиштол кон скопјанец
    • Тошковски на Илинден од Пелинце: Да ја јакнеме државата и да ги негуваме вредностите што ни ги оставија илинденците и асномците
    • Змија влегла во куќа во струмичко – интервенирале пожарникарите
    • Гори кај Кванташки пазар – ЦУК со најнови детали
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: 2026-та ќе биде тешка година, следуваат избори

    СДСМ: 2026-та ќе биде тешка година, следуваат избори

    03.01.2026 во 10:113 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    2026-та ќе биде тешка година за граѓаните, во буџетот нема пари за зголемување на платите на работниците, нема пари за минимална плата од 600 евра, нема пари за намалување на високите цени, велат од СДСМ. 

    „Веќе недостасуваат 1 милијарда евра. Сè е поскапено, а поскапувањето на струјата ќе повлече зголемување и на другите цени. 

    Бидејќи следуваат избори па мигранти оваа година Владата до изборите ќе се обидува со манипулации и мачкање очи да ги излаже граѓаните.

    Се најавува повторно минимално зголемување на пензиите кое инфлацијата и поскапувањата веќе го изеде. Но, минималното зголемување на дел од пензиите на власта и треба само за купи мир до изборите. 

    Се најавува купување електрични локомотиви а нема да има струја. Власта се расфрла со ветувања за мали деца само до изборите, сè заради гласови бидејќи ја губи поддршката од граѓаните од ден на ден. 

    А потоа, кога сè ќе помине – од каде пари? Од договорите мигранти за пари. Шест милијарди за покривање на буџетските дупки и за уште 1.161 тендер, за ортаклукот на ВМРО-ЗНАМ и за испумпување пари од граѓаните.

    Затоа 2026 година ќе биде тешка. По изборите сè ќе излезе на виделина. Тогаш проблемите ќе се „решаваат“ со уште поголем проблем – мигранти. 

    Веќе гледаме дека и со сè уште мал број мигранти, власта на ВМРО-ЗНАМ не е способна да обезбеди соодветна безбедност за граѓаните. Да се потсетиме само на неодамнешното демолирање на кампот за мигранти  во Табановце или тепачката за Нова година на плоштадот во Скопје.

    Замислете што ќе се случи кога Македонија ќе ја наполнат со „економски работници“, поради кои се менуваше и Законот за странци. Кога ќе дојдат со дозвола за престој и работа, со обезбеден сместувачки капацитет и работно место… тогаш веќе нема ЕУ. Тука сме каде што сме – изолирани, како црна дупка, вратите на Европа повеќе не се отвораат.

    Така ВМРО ја планира 2026 година. И не заборавајте: покрај шесте милијарди кредити што ќе ги отплаќаат нашите внуци, следуваат и 20.000 фунти по мигрант – неповратни средства. Но сите знаеме: кога нешто е „бесплатно“, секогаш чини многу повеќе. За почеток, помислете само колку ќе чини сместувањето за сите нив.

    Да потсетиме: ова не се обични мигранти. Европската Унија ја менува Конвенцијата за човекови права, кај нас ќе доаѓаат оние што повеќе не ги сакаат во своите држави. Затоа да биде јасно на сите: нема место за ксенофобија, но има – за криминал и корупција“, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Андоновски од Смилево: Илинден е вредносен систем – непокор, слобода и иднина

    02.08.2026 во 11:25

    Делегација на СДСМ оддаде почит во Пелинце по повод Денот на Републиката

    02.08.2026 во 10:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.