Close Menu
Press24
    Најново

    УХМР најави дожд, од утре следува нов топлотен бран

    03.08.2026 во 11:50

    УХМР ги објави температурите измерени во 11 часот – живата на термометарот надмина 32 степени

    03.08.2026 во 11:42

    (ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Грижата за Скопје нема паузи, празници ниту продолжени викенди

    03.08.2026 во 11:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР најави дожд, од утре следува нов топлотен бран
    • УХМР ги објави температурите измерени во 11 часот – живата на термометарот надмина 32 степени
    • (ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Грижата за Скопје нема паузи, празници ниту продолжени викенди
    • МЗ: Епидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна
    • МЗ: Вонреден инспекциски надзор во три болници во Македонија
    • Пеколно утро во Македонија: 25 степени измерени уште во 8 часот
    • Дневен хороскоп: Кои знаци ги чекаат деловни предизвици, а кои финансиски анализи
    • СДСМ: Што навистина му се случило на Мицкоски во Ташмаруништа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пакетче за секое дете и многу забава во Кисела Вода

    Пакетче за секое дете и многу забава во Кисела Вода

    30.12.2025 во 17:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во празнична и весела атмосфера, денеска во паркот „Шопен“, во рамки на манифестацијата „Новогодишна приказна“, Општина Кисела Вода организираше настан на кој беа поделени новогодишни пакетчиња за најмладите.

    Со оваа акција, заедно со пакетчињата што претходно беа поделени, општината израдува вкупно 7.000 деца со бесплатни новогодишни пакетчиња, потврдувајќи ја континуираната грижа за најмладите жители.

    Настанот беше исполнет со насмевки, детска радост и забава, за што се погрижија Дедо Мраз, Гринч и разиграните аниматори. Посебен сјај на програмата ѝ дадоа дечињата од градинките „8-ми Март“ и „Весели Цветови“, како и учениците од основните училишта „Круме Кепески“ и „Невена Георгиева – Дуња“, кои настапија со свои музички точки.

    Присутните уживаа и во театарската претстава на театарот „Отпишани“, додека за динамичната и енергична атмосфера беше задолжен Ди-Џеј Марио со труба. Најголемото воодушевување кај децата го предизвика спектакуларното појавување на Дедо Мраз, кој излезе од огромна кутија со помош на своите вредни џуџиња.

    Празничната атмосфера продолжува и вечерва со новогодишниот базар, каде посетителите ќе уживаат во настапите на Бока Конга и Боби Сакс, повторно Ди-Џеј Марио со труба, а вечерта ќе биде заокружена со безвременските хитови на Миле Кузмановски. Целиот настан ќе го води Миро Кацаров.

    Воедно, упатуваме покана до сите граѓани утре, на плоштад „Македонија“, каде што, во организација на Град Скопје, ќе се одржи голем заеднички пречек на Новата година, заедно да ги прославиме новите почетоци и уште повеќе радости во годината што доаѓа.

    Прочитај повеќе

    (ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Грижата за Скопје нема паузи, празници ниту продолжени викенди

    03.08.2026 во 11:38

    (ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Градскиот парк повторно го враќа својот сјај по силното невреме

    01.08.2026 во 13:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.