Close Menu
Press24
    Најново

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50

    Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења

    02.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово
    • Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си
    • Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења
    • Берово: Четиригодишно девојче итно пренесено во болница откако проголтало капсула за перење
    • Драма во Охрид: По расправија за паркинг, 73-годишник вперил пиштол кон скопјанец
    • Тошковски на Илинден од Пелинце: Да ја јакнеме државата и да ги негуваме вредностите што ни ги оставија илинденците и асномците
    • Змија влегла во куќа во струмичко – интервенирале пожарникарите
    • Гори кај Кванташки пазар – ЦУК со најнови детали
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Повисоки плати, нов концепт за матура, ѕид на срамот – Јаневска на брифинг со новинарите за плановите за 2026 година

    Повисоки плати, нов концепт за матура, ѕид на срамот – Јаневска на брифинг со новинарите за плановите за 2026 година

    29.12.2025 во 17:173 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Повисоки плати, нов концепт на државната матура, електронски свидетелства, „ѕид на срамот“. Министерката за образование и наука на новогодишен брифинг со новинарите за плановите во 2026 година.

    Јануари ќе стартува со потпишување на Националната стратегија за образование (2026 – 2032), која ќе биде патоказот по кој МОН ќе треба да ги крои политиките во следните шест години. Меѓу приоритетите во стратегијата е и едносменската настава. Досега е имплементирана во двесте училишта.

    Во јуни, за првпат и електронски свидетелства за децата во прво, второ и трето одделение. Јаневска вели дека за крајот на 2027 година електорнски свидетелства ќе добијат четврто, петто и шестто одделение, а за крајот на нејзиниот мандат во 2028 година и седмо, осмо и деветто одделение.

    За да се одржи мотивацијата на вработените во воспитно-образовните установи, министерката најави повисоки плати од март меѓу 7,5 и 10 проценти за наставниците во основно и средно образование.

    Новина ќе има и за сите матуранти кои во 2026-та ќе седнат на жешките столчиња. Ќе има нов концепт на државната матура со два типа – стручна и гимназиска. Бран промени се очекуваат и во средното стручно образование. Се продолжува политиката креирање кадар, според потребите на пазарот на трудот.

    Ново ветување Јаневска даде и за учебнициве, кои и годинава беа горлив проблем за децата и наставниците.

    – Имаме учебници на кои учениците и наставниците не се жалат, има по некоја поплака но оваа година ќе биде поинаку. Направивме многу – седум закони имавме, а спремни се следните седум. Не секогаш од министерството и од министерот зависи како ќе се одвиваат работите, но јас се надевам дека ќе се одвиваат во најдобар ред, изјави Јаневска.

    Конечно почна да се вложува и во науката, напредок кој го забележа и Европската комисија. Инвестициите беа оценети како позитивни во годинешниот Изврштај.

    Но, сепак ниту еден наш факултет не е ниту блиску до Шангај. Потребни се инвестиции, научни трудови, промени во програмите на универзитетите, за работите конечно да мрднат од мртва точка.

    Во финална фаза се и нацрт-текстовите за серијата закони за високото образование и за неговиот квалитет. Но, пред да бидат закачани на ЕНЕР, каде и јавноста ќе може да критикува и дава предлози, треба да добијат зелено светло од стучните лица.

    Со Новиот закон за високото образование, има построги правила и за професорите. Секој ќе биде должен да објавува одреден број на научни трудови. Ако не, за да остане професор, на секои пет години повторно ќе треба да полага за лиценца. Крајната цел на оваа мерка е да се зголеми бројот на научни трудови, услов кој е неопходен за некој универзитет да се приближи на Шангајска листа.

    За еден наш универзитет да биде меѓу мајдобрите 1.000, годишно треба да објавува 1.200 научни трудови во списанија со импакт фактор. На УКИМ годишно се објавуваат од 300 до 500 трудови.

    Министерката најави и посилна борба против плагијатизмот, односно „ѕид на срамот“ каде ќе се објавуваат магистерските и докторските трудови кои се купени со 300 евра.

    При крај е решението за довршување на објектите за ФИНКИ и ФФК. Следната недеа ќе биде објавен тендер заё репроектирање. Кога ќе биде готов ќе има оглас за изведувач на градежните работи. 

    Габриела Лескова

    Прочитај повеќе

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.