Close Menu
Press24
    Најново

    Гаши за изборите во Брвеница: Нека победи најдобриот и нека им служи на сите граѓани

    29.10.2026 во 12:41

    Руската амбасада ги отфрла обвинувањата на АНБ за пропагандна мрежа во Македонија

    29.10.2026 во 12:12

    Клековски: За операција на очите плаќал Фондот, ама плаќале и пациентите – детали за големата акција

    29.10.2026 во 12:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Гаши за изборите во Брвеница: Нека победи најдобриот и нека им служи на сите граѓани
    • Руската амбасада ги отфрла обвинувањата на АНБ за пропагандна мрежа во Македонија
    • Клековски: За операција на очите плаќал Фондот, ама плаќале и пациентите – детали за големата акција
    • Манасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во Владата – на иста линија се со Вучиќ
    • Нема повеќе заминување од Армијата на 45 години – Војниците добиваат нова можност
    • ОКТА, МВР и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот
    • Полицијата нема да признава лична карта и возачка дозвола на телефон – граѓаните мора да ги носат пластичните
    • На едно место постудено, на друго потопло – УХМР ги измери температурите, најавува „потоп”
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Мицкоски е срам за Македонија, во Виена пренесе пораки од Москва

    СДСМ: Мицкоски е срам за Македонија, во Виена пренесе пораки од Москва

    22.04.2026 во 20:122 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Мицкоски отиде во посета на Виена, главниот град на членка на Европската Унија, и ги навреди домаќините, ја направи Европа „силеџијка“ која врши „булинг“ врз Македонија, велат од СДСМ. 

    Оваа изјава не е само дипломатска катастрофа, таа е срам за целата држава. 

    Вели дека тој „сè направил“, а процесот станал „приказна без крај“.

    Човекот кој освен конфликти, злупотреба на службена должност и лично богатење не направил ништо на дипломатскиот план, сега ја затвора вратата на ЕУ таму каде што оди.

    Процесот за ЕУ трае 21 година. Колку години од тоа време ги украдоа прво Груевски, а сега и Мицкоски? 

    Колку години Македонија стагнира со оваа криминална група ВМРО?

    Наместо да гради европска држава Мицкоски:

    •  Ја запоседна правосудната власт,

    •  Ги ограбува ИПАРД фондовите,

    •  Воведува декрети за забрана на слобода на говор,

    •  Ја уништува слободата на медиумите,

    •  Создава меѓуетнички тензии,

    •  Граѓаните кои се за ЕУ ги нарекува „медиокритети“ и „талог на општеството“.

    Сето ова го прави по директива од Москва, за да го запре патот на Македонија кон Европската Унија.

    Како може Црна Гора и Албанија да напредуваат, а ние да стоиме на место? 

    Исто како и во Србија, каде што поради еден диктатор се замрзнуваат европски средства.

    Менторот Орбан им падна. 

    Наскоро ќе паднат и овие двајца.

    Мицкоски лично, и сите членови на оваа организирана криминална група, ќе одговараат.

    Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!, додаваат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Манасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во Владата – на иста линија се со Вучиќ

    29.10.2026 во 11:45

    Валандово со проекти вредни милиони денари, финансиска поддршка и за учениците

    29.10.2026 во 09:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.