Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Лоши вести за возачите: Нафтата драстично скокна
    • Тренчевска: Владата планира пет нови рудници во Нацрт-просторниот план, под знак прашалник влијанието врз животната средина
    • Од март следната година директен лет на „Flydubai“ на релација Дубаи – Скопје
    • Ѓорѓиева: Владата посветено работи на нови можности за развој на економијата
    • Голем шверц на тутун на Миконос: Уапсени двајца патници со 6.000 кутии цигари
    • Нова ерупција на Етна: Вулканот исфрли пепел висока четири километри
    • Јаневска утре на Машинскиот факултет ќе присуствува на Европската ноќ на истражувачите
    • Мицкоски со македонската делегација во Њујорк: Одбележана 25-годишнината од нападите на 11 септември
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трамп тврди дека на негово барање Иран ги откажал егзекуциите на осум жени, Техеран негира

    Трамп тврди дека на негово барање Иран ги откажал егзекуциите на осум жени, Техеран негира

    22.04.2026 во 21:571 Min Read
    President Donald J. Trump delivers remarks at Verst Logistics Manufacturing in Hebron, Kentucky on Wednesday, March 11, 2026. (Official White House Photo by Joyce N. Boghosian)
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави денеска дека на негово барање иранските власти ја откажале егзекуцијата на осум жени кои протестирале против власта во Техеран.

    Според тврдењата на Трамп, четири од жените ќе бидат ослободени веднаш, додека останатите ќе добијат затворски казни од по еден месец.

    „Многу добри вести“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social), изразувајќи му благодарност на иранското државно раководство за тоа што ја уважило неговата молба.

    Сепак, иранските власти веќе ги оспорија ваквите наводи на американскиот претседател. Новинската агенција на иранската судска власт, „Мизан“, соопшти дека тврдењата за жени на кои им се заканувала егзекуција се невистинити.

    Според Техеран, дел од споменатите жени веќе биле ослободени, а против останатите се водат судски постапки кои можат да резултираат најмногу со затворски казни, но никако со смртни пресуди.

    „Трамп повторно беше заблуден од лажни информации“, наведе агенцијата во своето соопштение.

    Прочитај повеќе

    Голем шверц на тутун на Миконос: Уапсени двајца патници со 6.000 кутии цигари

    24.09.2026 во 18:21

    Нова ерупција на Етна: Вулканот исфрли пепел висока четири километри

    24.09.2026 во 18:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.