Close Menu
Press24
    Најново

    Дрска кражба во Земун: Скршиле стакло на автомобил за да украдат електричен тротинет

    09.06.2026 во 23:50

    Ескалација на Блискиот Исток: Америка започна воздушни напади врз Иран, Трамп нареди одмазда за соборениот „Апачи“

    09.06.2026 во 23:46

    Овие три хороскопски знаци ќе пливаат во богатство до крајот на летото

    09.06.2026 во 23:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дрска кражба во Земун: Скршиле стакло на автомобил за да украдат електричен тротинет
    • Ескалација на Блискиот Исток: Америка започна воздушни напади врз Иран, Трамп нареди одмазда за соборениот „Апачи“
    • Овие три хороскопски знаци ќе пливаат во богатство до крајот на летото
    • ЕУ подготвува шок-правила за Балканот: Германија и Франција бараат новите членки привремено да немаат право на глас
    • Украинците ги засилуваат нападите на Крим: Ова е нивната главна цел втора ноќ по ред
    • Хаос во Белфаст: Запален автобус и брутални антиимигрантски немири по крвавиот напад со нож
    • Филмска измама во Канада: Пилот летал патнички авиони 17 години без дозвола на над 900 летови
    • Нова експлозија на автомобил-бомба во близина на Москва: Загина маж, се сомнева дека е висок офицер
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ГАК со нов лик: Инвестирани 34 милиони денари во реновирање на 2.000 квадратни метри

    ГАК со нов лик: Инвестирани 34 милиони денари во реновирање на 2.000 квадратни метри

    29.12.2025 во 14:392 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски денеска ја посетија Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, каде е извршено реновирање на повеќе простории кои секојдневно ги користат илјадници пациентки. Вкупната инвестиција изнесува над 34 милиони денари.

       – Гинеколошко-акушерската клиника е место каде што започнуваат нови животи, каде што се носат најтешки одлуки и каде што довербата во здравствениот систем мора да биде апсолутна. Затоа секоја инвестиција тука има посебна тежина и посебна одговорност. Од вкупната површина на клиниката, реновирани се 2 илјади квадратни метри, односно целото приземје кое го опфаќа влезниот хол, поликлиничкиот дел со амбуланти, HPV лабораторијата, биохемиската лабораторија, како и амбулантата за итни случаи. Ова значи подобра организација, побрза услуга и поквалитетна грижа , токму таму каде што е најпотребно, рече министерот Алиу.

    Тој посочи дека е особено значајна и новата настрешница од 420 квадратни метри на платото на Клиниката, што овозможува побезбедно и подостоинствено прифаќање на пациентките кои се транспортираат од други здравствени установи, а воедно со оваа инвестиција се покажува грижа, безбедност и почит кон секоја жена што доаѓа на клиниката во чувствителен момент.

       – Оваа инвестиција е реализирана целосно со средства на самата Клиника. Тоа зборува за одговорно управување, визија и посветеност на раководството и вработените. Како Министерство за здравство, наша задача е да создаваме услови во кои здравствените работници ќе можат да ја дадат најдобрата можна грижа, а пациентите ќе се чувствуваат сигурно, почитувано и згрижено, заклучи министерот.

    Прочитај повеќе

    За првпат досега: Лаптопи за најдобрите средношколци на манифестацијата „Првенец на генерација“

    09.06.2026 во 20:39

    Обезбедени 50 милиони денари: Во Аеродром ќе се гради нова противпожарна станица

    09.06.2026 во 16:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.