Close Menu
Press24
    Најново

    Физички нападнал сограѓанин кој се онесвестил: Кривично гонет 36-годишен кривопаланчанец

    10.06.2026 во 16:11

    Апсења во Скопје

    10.06.2026 во 16:05

    Почината жена пронајдена во стан во Аеродром, телото е предадено на обдукција

    10.06.2026 во 15:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Физички нападнал сограѓанин кој се онесвестил: Кривично гонет 36-годишен кривопаланчанец
    • Апсења во Скопје
    • Почината жена пронајдена во стан во Аеродром, телото е предадено на обдукција
    • Невреме со град го погоди Мариово, поројни врнежи и грмежи во прилепско и кратовско
    • Татко си ги тепал ќерките, сопругот на нападнал сопругата – Две лица лишени од слобода од вкупно седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие
    • Голема акција на МВР: Лишени од слобода 23 возачи, меѓу нив и малолетници
    • Трагедија во скопско: Почина вработена во училиште во Црешево
    • Муцунски од Софија: Македонија е заложник на некоректна блокада, за идентитетот и јазикот нема преговори
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да одговори дали златната виза за Дубаи ја стекнал со инвестиција од 500.000 долари

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да одговори дали златната виза за Дубаи ја стекнал со инвестиција од 500.000 долари

    29.12.2025 во 09:432 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По сведоштвото на поранешниот соработник на Зоран Заев, Тома Аврамски дека поранешниот премиер гради 42-катница во Дубаи истото го потврдија и Венко Филипче и СДС, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

    „И СДС и Филипче потврдија дека Заев гради зграда во Дубаи, од каде и двајцата имаат златни визи, но велат дека Филипче не е партнер во овој милионски градежен зафат.

    Она што се јавува како дилема, и на што Филипче сè уште не дава одговори, е како и по кој основ ја стекнал златната виза за Дубаи?

    Некое време тврдеше дека со златната виза се стекнал поради преговори за работен ангажман во некоја тамошна болница и дека сето тоа ќе го докаже со факти и докази, но до ден денес македонската јавност документи не виде.

    Од друга страна за добивање златна виза во Дубаи потребна е инвестиција од минимум 500.000 долари во бизнис и недвижности.

    Па оттука, јавноста има право да добие јасен одговор дали Венко Филипче ја добил визата поради инвестиција од најмалку 500 илјади долари, во недвижности или бизнис?

    Во однос на инвестициите во недвижен имот во Дубаи, во истото јавно сведоштво, Аврамски тврди дека и Заев и Филипче имаат станови таму и дека тој бил во зградата во која двајцата ги купиле становите.

    Но, Венко Филипче досега не одговори дали има или нема стан во Дубаи и дали токму оваа инвестиција во недвижен имот е основата за добивање на златна виза.

    Ако овој основ, инвестиција на 500 илјади долари во недвижен имот, е причината за добивањето на златната виза, тогаш Филипче должи уште еден одговор, како ги заработил овие пари, посебно што и тој и СДС постојано потенцираат дека работи само како доктор. А со докторска плата, а сега пратеничка, до таква баснословна сума не се доаѓа.

    Ако сака Филипче да ги расчисти дилемите, го повикуваме Филипче да ги покаже документите за работа врз основа на кои вели дека ја добил златната виза за Дубаи. Доколку навистина бил ангажиран во Дубаи, договарал работа во некоја болница или кој било друг професионален ангажман, нема да му биде проблем тоа да го потврди со документи и да ги расчисти сите дилеми кои се појавија во јавноста.

    Затоа, наместо молк, потребни се факти и документи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Муцунски од Софија: Македонија е заложник на некоректна блокада, за идентитетот и јазикот нема преговори

    10.06.2026 во 15:01

    Талески: Трипуновски направи пустош во земјоделството, блокирани се 128 милиони евра европски средства

    10.06.2026 во 14:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.