Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Топлотниот бран не попушта – горештини не чекаат и во септември

    25.08.2026 во 15:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нови механизми, стар услов: Што носат промените во проширувањето за Македонија
    • Зошто Македонија има толку многу случаи на западнонилска треска
    • Симов: Да си против дата-центри е како да си против хидроцентрали
    • Македонски пазар на труд: 90 илјади без работа, 101 илјада работат на црно
    • Познаници барале интимни фотографии од секое десетто дете во Македонија
    • Русите открија што барал директорот на ЦИА во Москва
    • Во Брвеница ќе се избира градоначалник за 350.000 евра
    • Драма во Велес: Момче насила ја качило поранешната девојка во автомобил, полицијата го уапси
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Ако воопшто ги има, Филипче да ги објави документите од преговорите за работа во Дубаи

    ВМРО-ДПМНЕ: Ако воопшто ги има, Филипче да ги објави документите од преговорите за работа во Дубаи

    28.12.2025 во 11:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во свое појавување пред медиумите, Венко Филипче рече дека тој не бил бизнис партнер на Зоран Заев во градбата на висококатница во Дубаи. Но со тоа, пак, потврди дека Заев сепак таму гради зграда висока 42 ката. После оваа јавна потврда, во јавноста се јавуваат нови дилеми, на кои Филипче треба да даде одговори, како на пример, како дошол до златната виза за Дубаи, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Кога пред извесно време во јавноста се појави темата со златна виза на Филипче за Дубаи, тој се правдаше дека истата ја стекнал поради работен ангажман додека бил во напредни преговори и разговори со некоја тамошна болница.

    Тој отиде до таму за што тврдеше и дека сето ова е така и со докази и документи ќе го докажел.

    Доколку Филипче навистина бил на работа во Дубаи, договарал работа во некоја болница или што и да има измислено за оваа лага, бидејќи веќе ни тој самиот не се сеќава, нема да му биде проблем да ги покаже документите.

    Но, до ден денес, Филипче не покажува документи за некаков договор или преговори за работена ангажман со некоја тамошна болница. Тоа е така, најверојатно, поради тоа што таквите документи, очигледно, ги нема.

    Од друга страна имаме сведоштво на Тома Аврамски, поранешен соработник на Зоран Заев, кој рече дека ја видел 42-катницата која тој ја гради и дека бил во зградата во која Заев и Филипче имаат станови.

    Но, Филипче како што не објави документи за разговори за работен ангажман, така не одговори дали има или нема стан во Дубаи и дали тоа е причината за добивање на златна виза.

    Колку за потсетување на македонската јавност, за да се здобиете со златна виза, во Дубаи треба да се има минимум инвестиција од 500.000 долари, но до оваа сума на пари не се стигнува со докторска и пратеничка плата.

    Затоа, Филипче да не молчи, кога веќе не објавува документи за наводен работен ангажман, туку да одговори дали златната виза е поради влог во Дубаи од минимум 500.000 долари и на кој начин ги има тој заработено овие пари?

    А ваквото темно минато создадено од двоецот Заев-Филипче треба да остане таму кај што му е местото, во минатото, а не да сака да ја предводи иднината на државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Петрушевски: Македонија не смее да ја пропушти новата индустриска револуција, дата-центрите се инфраструктура на иднината

    26.08.2026 во 15:23

    Филипче: ВМРО и ДУИ договориле блокада на Собранието 

    26.08.2026 во 14:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.