Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Петровска: Сакам да бидам претседателка на СДСМ, ама не сега
    • ФОТО: Полицајците им упаднаа во локалот – им го најдоа белото
    • Ѓорѓиевски за 23 Октомври: ВМРО е непокор, Македонија е аманет, а слободата е завет
    • Брутална прецизност на македонските специјалци: Тигрите во топ 10 снајперисти на меѓународен напревар
    • Филипче: Одлуките ги носам како во операциона сала – прецизно
    • Ѓорге Иванов: Треба да создадеме иднина за нашите потомци
    • Костадиновски: Иднината на уставното судство е во дијалог, а не во натпревар за моќ со Законодавецот
    • Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Студено утро низ Македонија: -8 степени измерени во Берово

    Студено утро низ Македонија: -8 степени измерени во Берово

    28.12.2025 во 10:061 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Утрово најниската температура во земјава е измерена во Берово, каде што живата во термометарот се спушти на -8 степени Целзиусови. Минусни температури се регистрирани речиси насекаде, со исклучок на Попова Шапка каде што е измерена температура од 0 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

    Според податоците на УХМР, -6 степени се измерени во Скопје-Петровец, додека во Струмица, Битола, Крива Паланка, Штип, Прилеп и Демир Капија температурата изнесувала -5 степени. Во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Велес, Кавадарци и Виница се измерени -4 степени, а во Охрид, Претор, Куманово и Маврови Анови -3 степени. Најблаго било во Гевгелија и Крушево, каде што температурата се движела околу -1 степен.

    За денеска, од УХМР најавуваат претежно сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен, а повремено и силен северен ветер, со брзина која на одделни места ќе надмине 60 километри на час. Максималните дневни температури ќе се движат од 4 до 10 степени Целзиусови.

    Во Скопје се очекува сончево време со мала облачност и умерен северен ветер, кој повремено ќе биде засилен во одредени делови од котлината. Максималната температура во главниот град ќе достигне до 7 степени Целзиусови.

    Прочитај повеќе

    Петровска: Сакам да бидам претседателка на СДСМ, ама не сега

    23.10.2026 во 12:19

    ФОТО: Полицајците им упаднаа во локалот – им го најдоа белото

    23.10.2026 во 12:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.