Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Топлотниот бран не попушта – горештини не чекаат и во септември

    25.08.2026 во 15:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Драма во Велес: Момче насила ја качило поранешната девојка во автомобил, полицијата го уапси
    • Мицкоски утре ќе го означи стартот на гасоводното поврзување со Србија
    • Пресврт во политиката на Будимпешта: Унгарија ја прогласи Русија за закана во ОН
    • Катастрофа на Хималаите: Поплави однесоа села во Непал и Тибет, се трага по стотици исчезнати
    • Шест нови случаи на западнонилска треска за еден ден: Регистриран и првиот случај во Куманово
    • Затвор за двајцата жители на Корешница кои киднапираа и тепаа момче во Неготино
    • ДЗС: Невработеноста падна на 11,3 проценти, се зголеми бројот на вработени
    • МВР приведе 12 возачи: Возеле без дозвола, под алкохол и под забрана
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Попов: СДСМ седум години немаше проекти за младите

    Попов: СДСМ седум години немаше проекти за младите

    26.12.2025 во 09:372 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Единствена иницијатива којашто ја имаше вашата партија, беше измислена тема за мигранти и за којашто добивте демант и од македонската влада и од британската амбасада, и од претседателката на републиката, и од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и од премиерот на Република Македонија. И вие наредните 15 дена одлучивте се уште да правите тема на тоа, во Македонија мигранти нема да има“, рече Сергеј Попов, претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник на гостување на телевизија 24 во емисијата „Анализа“.

    Попов истакна дека СДС седум години владеела низ призмата на национални обезличувања и правење отстапки од националниот интерес на државата, со нула проекти за младите луѓе.

    „Несериозно е таа политичка партија да е сведена на ова ниво да праќа партиски соопштенија за теми коишто не постојат. Најдете си нова тема, почнете да имате иницијативи коишто на народот можат да му го подобрат секојдневното живеење, гласови и поддршка од народ се привлекува со суштина. Вие кога владеевте 7 години ниту тогаш имавте суштина во вашето владеење, туку владеевте низ призма на национални обезличувања и правење отстапки од нашиот национален интерес, а нула проекти за младите и за граѓаните“, рече Попов.

    Попов посочи дека СДС со избирањето на нивниот претседател и составот на Извршниот одбор нема да го убедат народот, од причина што сите тие лица биле поврзани со коруптивни скандали.

    „За некорумпирани кадри со тој претседател којшто го имате и со тој Извршен одбор којшто го избравте многу тешко ќе го убедите народот, најпрвин треба да си изберете раководство коешто не било дел од коруптивни скандали изминатите 7 години, па потоа да се обидете воопшто да ја барате довербата од граѓаните. И доколку толку добро се прославиле во раководењето на институциите во рамки на тие седум години, ќе имавте повеќе од 120.000 гласа и ќе бевте некое место погоре од петта партија во Република Македонија“, дециден е Попов.

    Прочитај повеќе

    Петрушевски: Македонија не смее да ја пропушти новата индустриска револуција, дата-центрите се инфраструктура на иднината

    26.08.2026 во 15:23

    Филипче: ВМРО и ДУИ договориле блокада на Собранието 

    26.08.2026 во 14:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.