Close Menu
Press24
    Најново

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46

    Затвореник од Прилеп дал 890.000 денари за намалување на казната, па сфатил дека е измамен

    22.04.2026 во 13:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Утрово измерени -4 степени, делови од Македонија се разбудија со минусни температури
    • Патувањето за Грција скапо ќе ве чини – не тргнувајте на пат доколку не сте подготвени за новите правила
    • СДСМ: Условите за укинување на техничката влада не се создадени – враќање на „режимот“ од 2016 година
    • Ќе нема струја 11 часа – ЕВН најави исклучувања во неколку делови од СКОПЈЕ
    • Голема полициска акција: Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини – проневериле 700.000 евра од УЕФА
    • Времето денеска променливо облачно, утре внимавајте на утринскиот мраз
    • Глобалните системи за храна се на работ на колапс поради екстремните жештини
    • Овие 5 знаци ги очекува економски напредок
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Спасовски: Македонските граѓани плаќаат најскап зелен картон во регионот

    Спасовски: Македонските граѓани плаќаат најскап зелен картон во регионот

    25.12.2025 во 19:103 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Координаторот на пратеничката група на СДСМ и пратеник, Оливер Спасовски на денешната собраниска седница за пратенички прашања упати прашање до министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во однос на високата цена на зелениот картон автомобилите кој што им е потребен на граѓаните за патувања надвор од државата. 

    Прашањето се однесуваше на заштитата на трети лица и нивниот имот од последиците од сообраќајни незгоди, како  сопственици на моторни возила кои се должни, согласно закон, да имаат осигурување при регистрација и технички преглед на возилата-односно внатрешно осигурување за територијата на државата.Спасовски посочи дека ова прашање го поставил и писмено уште на 12 февруари годинава, но од министерката до денес не добил одговор. 

    Во продолжение е интегрален текст од прашањето: 

    „Ова е прашање за кое и граѓаните на Македонија си го поставуваат како една од важните теми. Тоа се однесува на заштитата на трети лица и нивниот имот од последиците од сообраќајни незгоди, како  сопственици на моторни возила кои се должни, согласно закон, да имаат осигурување при регистрација и технички преглед на возилата-односно внатрешно осигурување за територијата на државата.

    Меѓутоа, постои и можност за сите оние што патуваат во странство, имаат обврска да обезбедат, односно да купат осигурување за странство или таканаречена зелена карта за осигурување. Тие не купуваат само  меѓународна потврда за осигурување на возилото, туку прават проширување на осигурувањето со важност и за странство. Овој документ сè уште е неопходен за влез со моторни возила во која било држава во Европа која во моментот за патничките возила изнесува околу 5.500 денари со важност од една година.

    Цената на зелениот  картон во земјите од регионот е значително пониска од цената во Македонија, изнесуваат 5 или 10 евра, кои се плаќаат заедно со регистрацијата и при обезбедување на осигурителната  полиса и за внатрешно осигурување. Моето прашање е дали се планира поинаков пристап во однос на обезбедувањето на зелениот картон, односно намалување на неговата цена, бидејќи постојат повеќе начини и механизми како да се дојде до намалување на цената на зелениот картон. 

    Ги имам сите анализи, како и законски измени во Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора, имаат посебни договори со еден од дел од државите, во кои може да се влегува со билатерални договори без зелен картон. Впрочем, Македонија има таков билатерален договор со Словенија,една од ретките држави каде што ниту македонските, ниту словенечките регистарски таблици имаат потреба да покажуваат зелена карта.

    Затоа прашувам дали Владата, односно Министерството за финансии, планира одредени измени на цената, со тоа што ќе може да им се помогне на граѓаните да не плаќаат толку висока цена, а да имаат нормално движење надвор од државата, како што тоа е решено кај нашите соседи. Ако погледнеме, секоја од државите во опкружувањето околу нас плаќа 5 или 10 евра заедно со внатрешното осигурување и притоа може да се движат и надвор од својата држава, односно во регионот и пошироко“.

    Популарно

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.