Close Menu
    Најново

    ВИДЕО: Отпуштените службеници од ДУИ си послале кревет во канцеларија во министерството

    25.12.2025 во 22:21

    Метео Франс предупредува: до 200 литри дожд на метар квадратен

    25.12.2025 во 22:12

    Путин назначи нов амбасадор во Скопје

    25.12.2025 во 22:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • ВИДЕО: Отпуштените службеници од ДУИ си послале кревет во канцеларија во министерството
    • Метео Франс предупредува: до 200 литри дожд на метар квадратен
    • Путин назначи нов амбасадор во Скопје
    • Украина ја погоди големата руска рафинерија со британски ракети
    • Крал Чарлс повикува на единство и сила во различноста
    • Руска пошта прекина копнен превоз во дел од Европа
    • Димитриевски во „Аргумент плус“: СДСМ губи членство поради затвореност идеструктивен наратив
    • Инцидент над Балтикот: Руски извидувачки авион пресретнат од Полска
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Митрески: До кога владата ќе си игра мајтап со работниците?

    Митрески: До кога владата ќе си игра мајтап со работниците?

    25.12.2025 во 18:52
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Пратеникот на СДСМ, Јован Митрески, на денешната седница посветена на пратенички прашања упати две прашања до министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, а се однесуваа на минималната плата за која владата не сака да даде конкретни одговори, а е најниска во регионот, како и за високите цени за кои граѓаните не се задоволни, па дури одат и во соседни земји да пазарат.

    „Двете прашања се поврзани со минималната плата и со цените на артиклите. Јас знам дека денес дававте одговори, ги следам вашите изјави, вашите прес-конференции, секако и изјавите на премиерот. Некако кога се зборува за минималната плата и она што го давате како одговор создава впечаток во јавноста дека владата не сака да даде конкретни одговори.

    Зошто ова го кажав: претходно, во однос на износот на минималната плата, се кажа и денес дека не е најниска и дека се прави погрешна споредба со другите земји од соседството, дека наводно таму е бруто, а кај нас нето-плата.

    Не е точно. Правиме споредба помеѓу нето минималната плата кај нас и нето минималната плата во соседството и за жал дојдовме да сме на најниско ниво.

    Повисока минимална плата од нас имаат дури и некои земји кои се формираа како независни пред само неколку години. До тоа ниво сме стигнале.

    Се разбира, користејќи ПР-изјави, продолжувате да кажувате дека ’и ние сме за повисока минимална плата, не само 500.000 евра, и илјада евра нека е, јас сум и за 2.000 евра‘, ама да се договорат работниците и работодавачите“, тоа во превод звучи како да кажете „што да се договорат волкот и јарето што вечер да вечераат“.

    Така би изгледало како да треба тие сами да се договорат. Се дојде до ситуација да треба да се договори помеѓу чеканот и наковалната – тие што ги даваат платите и оние што треба да ги примаат.

    Едно образложение кое држи вода, кое го давате како министер за економија, е дека треба да се договорат затоа што може да дојде до отпуштања на работници или затворање на компании. Да ја изгубат работниците не само платата, туку и својата работа.

    Но имам еден ваш владин документ каде што стои дека фирмите во 2025 година ќе остварат добивка од 4,3 милијарди евра.

    Сега, која е очекувањето или вашето објаснување дека фирмите може да не исплаќаат плата или да не можат да го издржат трошокот, ако од друга страна ќе остварат 4,3 милијарди евра добивка?

    Моето прво конкретно прашање е: почитуван министер, до кога ќе играте мајтап со работниците?

    Ако чекаме на договор помеѓу работниците и работодавачите, тој договор никогаш нема да се случи.

    Не случајно тој дијалог е наречен трипартитен, за да биде вклучена владата. Мислам дека не е коректно да се кажува „сите сме за поголеми плати, не 500, илјада две илјади, ама нека се договараат тие. Волкот и јагнето, почитуван министер никогаш нема да се договорат. Затоа го поставувам тоа прашање, за играње мајтап со работниците. Како и со потпрашање на тоа прашање, до кога ќе капитулирате пред оние кои трупаат богатства на грбот на работниците.

    Второто прашање е поврзано со цените исто така од аспект на остварување на добивка од 4,3 милијарди евра, гледајќи ги цените кои реално се на пазарот. Значи заработуваат толку за да остварат 4,3 милијарди добивка, а велиме дека ги решаваме проблемите дека не знам што се случува, а граѓаните се задоволни. Очигледно, никој не оди во продавница да види што е тоа што се случува. Сега проблем е што граѓаните не се задоволни, па дури одат и во соседни земји да пазарат.

    На пример, во Тирана, во трговските маркети имаат сè се таблици на македонски, а кај нас реалноста е поинаква.

    Прашањето е до министерот за економија: имаме ситуација откупот на млеко да биде од 29-31 денар за домашните млекари. Истите млекари продаваат литар млеко во маркет за 85 денари.

    Фактички, ем земјоделците не се задоволни поради тоа што се случува, ем граѓаните плаќаат висока цена за готов производ во маркетите. Значи остваруваат некој екстра профит.

    Поднесовме закони како опозиција, кои мислевме дека ќе придонесат за намалување на цените, но тие не беа прифатени. 

    Поднесовме мерки кои биле ветени во програмата, пред избори и тие не беа прифатени. Кажавте дека ќе се донесат кошнички. Донесовте, божиќна, велигденска, рамазанска, училишна. Денес имате изјави дека тие мерки не дале резултати, па моето прашање е: што ќе преземете за ова да не биде на штета на граѓаните, како што е со минималната плата на штета на работниците?“, порача Митрески.

    Популарно

    Мицкоски кон ДУИ: Вие донесовте одлука за бришење на балансерот, должите извинување на Албанците

    25.12.2025 во 12:27

    Без потреба не тргнувајте на пат – снежна бура во Србија

    25.12.2025 во 19:05

    Дојде зимата – каде има снег во моментов

    24.12.2025 во 13:20

    (ВИДЕО) Падна полицаец: Фатен со шверцувани петарди – запленети над 25 тони пиротехника натоварени во две товарни возила

    25.12.2025 во 14:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.