Close Menu
Press24
    Најново

    Општина Кисела Вода организира бесплатен летен камп за ученици – аплицирањето е до 13 јуни

    10.06.2026 во 13:01

    Јаневска најави пресврт: Од оваа година се воведуваат дигитални свидетелства, еве за кои одделенија ќе важат

    10.06.2026 во 12:54

    Се огласи Груевски: Маленко измислува приказни по поткасти, никогаш во животот не сум го видел тој човек

    10.06.2026 во 12:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Општина Кисела Вода организира бесплатен летен камп за ученици – аплицирањето е до 13 јуни
    • Јаневска најави пресврт: Од оваа година се воведуваат дигитални свидетелства, еве за кои одделенија ќе важат
    • Се огласи Груевски: Маленко измислува приказни по поткасти, никогаш во животот не сум го видел тој човек
    • АПИС: Предложениот Закон за игри на среќа е недозволиво да се носи набрзина
    • Почна невремето во Македонија – грмежи и пороен дожд во овие региони
    • МФ: 230 милиони евра пласирани во домашните компании од унгарскиот заем, рализирани 92% од вкупните средства
    • Метео аларм: Доаѓа силно невреме со пороен дожд и град, од петок драстичен пад на температурите
    • Мицкоски: По 14 пропаднати тендери, државата сама ќе ги гради „Чебрен“ и „Галиште“ со 1,5 милијарди евра
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » До 2026 „Безбеден град“ во сите општини – Тошковски најавува целосна имплементација

    До 2026 „Безбеден град“ во сите општини – Тошковски најавува целосна имплементација

    25.12.2025 во 17:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досегашните резултати од проектот „Безбеден град“ се исклучително позитивни, нагласувајќи дека за околу 20 проценти е намален бројот на повредени лица во сообраќајни незгоди.

    Говорејќи на седницата за пратенички прашања, Тошковски посочи дека намалувањето е евидентно и преку податоците од Клиниката за трауматологија при Клиничкиот центар.

    „Резултатите коишто досега се увидени и тоа како се позитивни. Јас би сакал од оваа говорница да упатам огромна благодарност до македонските граѓани заради тоа што тие се тие кои спасија човечки животи во изминатиов период… За околу 20 проценти е намален вкупниот број на третирани пациенти во рамки на оваа клиника, што е и тоа како е многу добар предзнак за резултатот којшто треба да го даде имплементирањето на овој проект“, рече Тошковски.

    Според министерот, заслугата е на самите граѓани, особено на возачите, кои и покрај тоа што во овој период се изрекуваат само опомени, а не казни, покажале поголема одговорност во сообраќајот.

    „Иако граѓаните знаат дека нема да има казни во овој период туку само опомена, го забавиле управувањето на моторните возила, а тоа доведе до резултат којшто на крајот го гледаме како намалување на пациенти на Клиника за трауматологија“, истакна Тошковски.

    Тој оцени дека со проектот „Безбеден град“ државата покажала подготвеност да имплементира европски стандарди во сообраќајната безбедност.

    „Покажавме дека како нација сме спремни да одговориме на ваков тип на предизвици и да имплементираме еден европски проект којшто го има скоро во секоја земја-членка на ЕУ, со цел да имаме што е можно помалку жртви во сообраќајот“, рече министерот.

    Како дополнителен позитивен ефект, Тошковски ги посочи и високите економски трошоци што произлегуваат од сообраќајните незгоди.

    „Согласно една експертиза која што имав прилика да ја видам, трошоците од сообраќајни незгоди во 2023 година изнесувале околу 400 милиони евра… Средната вредност е некаде околу 410 милиони евра“, изјави Тошковски, оценувајќи ја сумата како „катастрофална“ за граѓаните и државата.

    Министерот информираше дека проектот најпрво се имплементира во Скопје, Куманово и Тетово, а во првата фаза се вклучени и Коридорите 8 и 10.

    „Од 1 февруари се очекува да стапиме во практична примена на овој паметен систем… во Скопје, Куманово, Тетово, како и на Коридор 8 и Коридор 10“, рече Тошковски.

    Според најавите, до средината на 2026 година системот „Безбеден град“ треба да биде ставен во функција во сите градови низ државата.

    Прочитај повеќе

    Општина Кисела Вода организира бесплатен летен камп за ученици – аплицирањето е до 13 јуни

    10.06.2026 во 13:01

    Јаневска најави пресврт: Од оваа година се воведуваат дигитални свидетелства, еве за кои одделенија ќе важат

    10.06.2026 во 12:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.