Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче за Алта Банка: Сомнителен капитал одбиен во ЕУ, прифатен во Македонија

    Филипче за Алта Банка: Сомнителен капитал одбиен во ЕУ, прифатен во Македонија

    25.12.2025 во 15:342 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и пратеник, д-р Венко Филипче, на денешната собраниска седница за пратенички прашања,  во прашањето до премиерот Мицкоски, ги изнесе фактите поврзани со аферата со Алта банка, укажувајќи дека власта наместо да ја каже вистината, ги користи своите методи за дефокусирање и замолчување на секоја критика што доаѓа од опозицијата.

    „Јасни се релациите со Србија, јасни се релациите со вашата сестринска партија, со СНС, ама со Вучич како да сте браќа, така се однесувате  во последно време, таков ПР имате“, рече Филипче.

    Тој потсети дека аферата со Алта банка беше откриена од СДСМ и нагласи дека станува збор за случај со сериозни импликации.

    „Да не откриевме ние аферата со банката, која што внимавате се обидела да влезе и да вложи капитал во Европска Унија и рекле не може поради тоа што капиталот е сомнителен а вие тука и отворивте ширум врата“, рече Филипче, додавајќи дека дополнителен сомнеж предизвикува и информацијата дека поранешен член на извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ требало да биде дел од бордот на директори на банката.

    Притоа Филипче укажа и на податоците за доделување на значителен број тендери на лица блиски до власта.

    „161 тендер во вредност од 5,3 милиони евра не се случајност, туку јасен показател за начинот на кој се води државата“, нагласи Филипче.

    Тој порача дека јавноста заслужува факти и одговорност, а не закани, дефокусирања и обиди за замолчување на оние што укажуваат на сомнителни релации и злоупотреби на јавните ресурси.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.