Close Menu
    Најново

    Вооружена пресметка во Арачиново: Пукање меѓу две возила, оштетено возило на случаен минувач

    25.12.2025 во 13:36

    Трагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на исчезнатиот скопјанец во реката Вардар

    25.12.2025 во 13:33

    Директор на основно училиште во Македонија заработи кривична: Вработувал наставници без факултет

    25.12.2025 во 13:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Вооружена пресметка во Арачиново: Пукање меѓу две возила, оштетено возило на случаен минувач
    • Трагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на исчезнатиот скопјанец во реката Вардар
    • Директор на основно училиште во Македонија заработи кривична: Вработувал наставници без факултет
    • Доаѓа Сибир: Температурите паѓаат длабоко под минус
    • Снежно невреме го зафати регионот, не престанува да вее, испратен итен апел до граѓаните
    • Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувачки авион
    • ЈСП со важно соопштение до студентите
    • Снегот пристигна во Македонија: Еве каде вее моментално
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Рекорден буџет за Центар: Над 1,2 милијарди денари за нови градинки, паркинзи и катна гаража

    Рекорден буџет за Центар: Над 1,2 милијарди денари за нови градинки, паркинзи и катна гаража

    25.12.2025 во 11:15
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Советот на Општина Центар на 3. Седница едногласно го усвои Буџетот за 2026 година.

    Проектираниот основен буџет на Општина Центар за наредната година изнесува 1.217.450.000 денари и претставува највисок буџет досега. Од вкупниот износ, 527.230.000 денари, односно 43 проценти, се наменети за капитални инвестиции, додека 690.220.000 денари, односно 57 проценти, се планирани за тековни оперативни расходи.

    Буџетот е реален и транспарентен, со фокус на реализирање на проектите зацртани во програмата за вториот мандат на градоначалникот Горан Герасимовски.

    „Секој денар е насочен кон проекти што носат подобри услови за живот, поквалитетно образование, повеќе грижа за најмладите и повозрасните и уреден јавен простор. Ова е буџет со кој ги исполнуваме ветувањата дадени пред граѓаните“, рече Герасимовски.

    Во делот на капиталните проекти се планирани значајни вложувања со долгорочен ефект. Општина Центар обезбеди средства за изградба на модерен дом за стари лица, со услови усогласени со европските стандарди, додека за најмладите се предвидува нова детска градинка во близина на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, со капацитет до 100 деца. Овие проекти, нотирани во програмата, се клучни за подобрување на квалитетот на животот на сите генерации во локалната самоуправа.

    Во рамките на стратешките инвестиции, се планира изградба на граѓанско-административна зграда, која ќе биде симбол на отворена и достапна општина, со капацитет од 300 паркинг-места. Реализацијата на овој проект тежок 380.000.000 денари, ќе се одвива фазно, со цел да се обезбеди квалитетна и функционална инфраструктура.

    Дополнително, на местото на монтажниот паркинг во Буњаковец, е предвидена изградба на нова катна гаража со капацитет од околу 250 возила, како решение за проблемот со недостиг од паркинг-места во тој дел од Центар.

    Во образованието се инвестира и преку изградба на два нови базени во основните училишта „11 Октомври“ и „Димитар Миладинов“.

    Како дел од капиталните вложувања, Општина Центар значително го зголемува и буџетот за зеленило, на 20.000.000 денари, со цел заштита и унапредување на животната средина во урбани услови.

    Буџетот предвидува и низа активности за уредување на јавниот простор и подобрување на инфраструктурната мрежа, меѓу кои реконструкција на улица Ленинова, од Партизанска до Градски парк, како и реконструкција на повеќе локални улици, уредување на пјацети и потегот од Зелено пазарче до улица Македонија, поставување пристапни рампи и набавка на нова урбана опрема.

    Во локалниот економски развој и дигитализацијата, Буџетот за 2026 година опфаќа мерки насочени кон подобрување на квалитетот на живеење и современо управување со општината. Меѓу нив е и Смарт системот за мерење бучава, ветен во програмата за 2026 година, а реализиран уште на крајот на 2025 година. Вкупно 30 дигитални уреди се поставени на најфреквентните локации со цел континуирано следење на нивото на бучава и враќање на мирот и спокојот на граѓаните.

    Наредната година ја воведуваме Центарската картичка, со која жителите ќе добиваат попуст за одредени производи и услуги, доградба на ГИС-порталот во мобилна апликација, активирање на уште една бесплатна Wi-Fi зона на Боемска, продолжување на поддршката за НЕЕТ младите и почеток на меѓународен проект финансиран од Европската комисија, во соработка со АЛДА.

    Значаен раст има и во вложувањата во социјалната заштита, образованието и културата. Еднократната парична помош за новороденче во следната година се зголемува од 7.000 на 10.000 денари, а финансиската поддршка за повозрасните граѓани во социјален ризик од 2.500 на 5.000 денари.

    Бесплатниот оброк е една од клучните мерките ветени во делот на образованието и поддршката на семејствата во Центар. Од септември 2026 година, сите ученици во целодневната настава ќе добиваат оброк на трошок на општината, обезбедени се средства и за бесплатни екскурзии преку проектот „Ја сакам Македонија“.

    Продолжува успешниот проект на воведување училишни униформи, а се зголемува и финансирањето на обезбедувањето во училиштата. Буџетот за образование е зголемен од 51.000.000 денари во 2025 година на 72.840.000 денари во 2026 година, што покажува тенденција на понатамошен раст.

    Двојно зголемен е и буџетот за култура, кој покрај средствата за веќе етаблираните проекти како „Центарска симфонија“, „Нешто што ќе остане“, „Вечер под ѕвездите“ и „Мурали и графити“, воведува и нови културни содржини како детскиот фестивал „Детелинка“, „Звукот на иднината“ и „7/8 Центарски такт“. Со овие вложувања, Општина Центар ја позиционира 2026 година како година на културен подем и континуирана поддршка на уметноста и младите.

    Новата финансиска рамка е скроена во соработка со граѓаните. Општина Центар им се заблагодарува за идеите и предлозите, кои помогнаа во креирањето на проекти и буџетски решенија што одговараат на реалните потреби на жителите. Ваквата соработка е темел за развој и отчетност, нов буџет насочен кон подобрување на секојдневието и квалитетот на животот во општината.

    Популарно

    РКЕ со добри вести за возачите: Гориваат повторно поевтинуваат

    22.12.2025 во 13:06

    Каква зима нè очекува – најавени студени бранови

    25.12.2025 во 09:07

    Вучиќ го вклучи алармот: Интензивното вооружување во регионот е директна закана за Србија

    24.12.2025 во 17:36

    Кире Михаилов во болница: Преголемото оптеретување си го прави своето

    24.12.2025 во 20:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.