Close Menu
    Најново

    Тошковски: Камерите на Сејф Сити ќе имаат исти отстапки кои се применуваат кај полициските редари

    24.12.2025 во 20:33

    Анкета: Русите очекуваат крај на војната во Украина во 2026 година

    24.12.2025 во 20:22

    Германија воведува нова задолжителна воена служба

    24.12.2025 во 20:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Тошковски: Камерите на Сејф Сити ќе имаат исти отстапки кои се применуваат кај полициските редари
    • Анкета: Русите очекуваат крај на војната во Украина во 2026 година
    • Германија воведува нова задолжителна воена служба
    • Јапонија ја рестартира најголемата нуклеарна централа во светот
    • Поларен студ ја зафаќа Македонија: Силен северен ветер и температури до -10 степени
    • Четврти Божиќ во војна: Зеленски со емотивна порака до Украинците
    • Зошто е Папата буден и што прави во 3 часот наутро?
    • Мерц ја нагласи одговорноста на Германија кон Европа во божиќното обраќање
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Градот Скопје започнува со активности за Градска стратегија за безбеден сообраќај

    Градот Скопје започнува со активности за Градска стратегија за безбеден сообраќај

    24.12.2025 во 17:07
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Во согласност со програмските определби во програмата на градоначалникот Орце Георгиевски, градот Скопје започнува со активности околу подготовка на Градска стратегија за безбеден сообраќај.

    Според кабинетот на градоначалникот на Скопје, градската стратегија за безбеден сообраќај ќе ги инкорпорира насоките од проектот ВИЗИЈА 0 на градоначалникот Орце Георгиевски. Оваа стратегија е клучна рамка за намалување на сообраќајните незгоди, со цел да се подобрат безбедноста и сигурноста за сите учесници во сообраќајот, преку повеќегодишни планови и програми 2026-2030, во согласност со меѓународните стандарди. Клучна цел на стратегијата ќе биде намалување на бројот на жртви и тешки повреди во сообраќајот, а визијата ќе биде НУЛА деца жртви во сообраќајот.

    Стратегијата и плановите ќе вклучуваат мерки за подобрување на инфраструктурата, образованието, контролата и истражувањето на незгоди. Ќе се дефинираат на повеќе години, со конкретни активности и цели за секој период. Постојано ќе се работи на унапредување на безбедноста во сите аспекти, од возачи до патишта и возила.

    Претседателот на Советот на Град Скопје, проф. Даме Димитровски вели:

    Здравјето и животот на скопјани се врвен приоритет на оваа градска управа. Во поставување на темелната политика за безбеден сообраќај ќе ги подобриме условите на најранливите групи. Како град Скопје, ќе вложиме во политики и инфраструктурни мерки за побезбеден сообраќај. Спасувањето на животи во несреќа е херојско дело, но наша задача е да работиме паметно и да вложиме во превенција. Стратегијата ќе има посебно внимание кон програмата “Safe to school” со која ќе им се овозможи на децата безбеден пат од дома до училиште или културните и спортски установи на градот.

    Проблемите со кои се соочува градот не познаваат партиски бои.

    Советниците имаат отворена покана да се вклучат како активни чинители во конструктивни решенија на проблемите на скопјани. Верувам во аргументирана дебата, а не во политички театар. Советот на Град Скопје треба да созрее во тело во кое се слуша гласот на граѓаните, без да се надмудрува. Во фокусот ни е Скопје и суштинските решенија, а дневнополитичките расправии ќе станат неважни.

    Советничките групи од мнозинството во градот, препознавме сродни определби во полето на безбедниот сообраќај со советничката од Независни Заедно и ја приоритизиравме оваа акција. Како што ветивме пред изборите, програмата за овој мандатен период ќе ја надополнуваме со заедничките ставови со другите кандидати. Секоја добра идеја и програма, ќе биде ставена на расправа.

    Советничката Јана Белчева изјави:

    Независни заедно припреми низа на предлози кои се однесуваат на сообраќајната безбедност, особено фокусирајќи се на најранливите учесници во сообраќајот, пешаците и велосипедистите. Проблемот најмногу го чувствуваат сите жители на градот, а Скопје има лоши показатели и на низа регионални и европски анализи. До сега, иако постојат студии, стратегии и акциски планови, жртвите растат, а решенијата се парцијални и не се започнати системски и координирана активности, кои ќе придонесат кон Визија 0 жртви во сообраќајот. Задоволни сме што нашите барања и предлози и се препознаени и се поклопуваат со предлозите од Градоначалникот на градот, Претседателот на Советот и мнозинството на ВМРО со што е обезбедено да се вградат во новиот буџет за 2026, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Популарно

    Подгответе се за снег и студ: УХМР со најнова прогноза

    23.12.2025 во 17:58

    Грета Тунберг уапсена во Лондон

    23.12.2025 во 17:39

    По дождот и снегот следува голем пресврт на времето: УХМР со најнова прогноза

    24.12.2025 во 11:59

    Чулев: Незаконски бев отпуштен од работа, децата ми трпеа за нешто за што не се виновни

    24.12.2025 во 11:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.