СДС се загубени во времето и сигурно по зборовите на Заев си го бараат семето, па наместо да бидат вистинска опозиција решија да бидат жолта штампа, со лаги и невистини, за кратки сензации, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Министерката Сања Божиновска не поседува бугарски пасош, тоа е лага од кујната на СДС, која мислат дека ако илјада пати ја повторат некој ќе поверува.
Жално е како СДС се претвори во таблоид партија, каде редовен фолклор се црвени наслови по примерот на нивните белградски ментори.
Очигледно нема дно кое СДС не може да го пробие, па само ја срамат некогаш големата партија.
Дали Филипче има контрола и гледа што пишуваат, или сам дал дозвола да го носат кон дното не знаеме, ниту не интересира, но факт е дека не му мислат добро“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
- Затвор за двајцата жители на Корешница кои киднапираа и тепаа момче во Неготино
- ДЗС: Невработеноста падна на 11,3 проценти, се зголеми бројот на вработени
- МВР приведе 12 возачи: Возеле без дозвола, под алкохол и под забрана
- Петрушевски: Македонија не смее да ја пропушти новата индустриска револуција, дата-центрите се инфраструктура на иднината
- Отворен Центар за дневен престој на стари лица во Гевгелија
- (ФОТО)Дарио Панковски алармира за сајбер измама: Непознати лица бараат пари за концерт во негово име
- Кога градите автопат вие градите иднина – да оставиме дела зад себе
- Уште неколку дена за пријавување: Жени, направете го првиот чекор кон економска независност

