Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Месечна временска прогноза: Годината ќе заврши со дожд а ќе почне со снег

    Месечна временска прогноза: Годината ќе заврши со дожд а ќе почне со снег

    24.12.2025 во 13:342 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Јануари 2026 година ќе помине во знакот на студени утра и умерени дневни температури, со малку врнежи и подолги стабилни периоди. Според месечната прогноза, поголемиот дел од месецот ќе биде сув и сончев, со честа појава на утрински мраз, особено во котлините, а на самиот почеток на месецот постои веројатност за појава на снег, најпрво на планините, а повремено и во некои пониски предели.

    На почетокот на јануари времето ќе биде претежно стабилно со сончеви интервали, а дневните температури ќе се движат од 4 до 7 степени, додека утринските ќе бидат под нулата. Краткотрајни врнежи се очекуваат во првите денови од месецот, при што поради ниските температури дел од врнежите може да бидат во форма на снег.

    Во средината на јануари следува постуден период со повеќе облачност и пониски минимални температури, кои на некои места ќе се спуштат и до минус 7 степени. Дневните температури во овој период ќе се движат од 1 до 4 степени, а врнежите ќе бидат ретки и слаби, без услови за формирање позначајна снежна покривка во пониските делови од земјата.

    Втората половина од месецот ќе донесе променливо облачно време со повремени врнежи, најизразени околу 19 и 20 јануари. Температурите ќе останат ниски, со утрински мраз и дневни вредности од 2 до 4 степени.

    Кон крајот на јануари се очекува благо затоплување, при што дневните температури на некои места ќе достигнат и до 8 степени. Повремени врнежи се можни околу 29 и 30 јануари, додека самиот крај на месецот ќе биде претежно сув и стабилен.

    Прочитај повеќе

    Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор

    22.10.2026 во 23:43

    Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година

    22.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.