Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Топлотниот бран не попушта – горештини не чекаат и во септември

    25.08.2026 во 15:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Шест нови случаи на западнонилска треска за еден ден: Регистриран и првиот случај во Куманово
    • Затвор за двајцата жители на Корешница кои киднапираа и тепаа момче во Неготино
    • ДЗС: Невработеноста падна на 11,3 проценти, се зголеми бројот на вработени
    • МВР приведе 12 возачи: Возеле без дозвола, под алкохол и под забрана
    • Петрушевски: Македонија не смее да ја пропушти новата индустриска револуција, дата-центрите се инфраструктура на иднината
    • Отворен Центар за дневен престој на стари лица во Гевгелија
    • (ФОТО)Дарио Панковски алармира за сајбер измама: Непознати лица бараат пари за концерт во негово име
    • Кога градите автопат вие градите иднина – да оставиме дела зад себе
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димитријевиќ: Струјата поскапе за да се покријат криминални тендери

    Димитријевиќ: Струјата поскапе за да се покријат криминални тендери

    24.12.2025 во 11:162 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Наместо да ги покачи платите и пензиите, власта ја покачи сметките за струја, удри по стандардот на народот. Државата нема пари за плати и пензии, дупката е 1 милијарда евра, рече на денешната прес-конференција Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар од редовите на СДСМ.

    Поскапувањето на струјата и прогласувањето кризна состојба, не се поради протестите во Грција туку две причини директно врзани со владата: криминални тендери и неспособност во енергетиката, вели Димитријевиќ.

    „За само година и половина, со Божиновска на чело на овој сектор, Владата ја доведе ЕСМ до финансиски и производствен колапс. Не се произведува доволно струја дома, се увезува скапа струја од надвор.

    Затоа оваа година има историски најниско производство на домашна струја, ниту половина од планираните 5.100 GWh.

    Наместо да се произведува дома, која што државата ќе ја чини 80-90 евра мегават час, владата купува струја за 140 евра мегават часови.

    Колку ги чини тоа граѓаните?

    77 милиони евра загуба за само првите два квартали од 2025 година а проекцијата е дека ќе достигне над 100 милиони евра загуба до крајот на оваа година.

    Сега е ли јасно зошто струјата поскапува? Зошто се прогласува кризна состојба?

    Да се покријат криминални тендери и неспособност“, истакна Димитријевиќ.

    Димитријевиќ прашува зошто фали 1 милијарда евра во буџетот? Исто така за тендери, како што се 161 тендер за една фирма или 9 милиони евра за друга фрима за двајца вработени кои ги објавивме.

    „Клучното прашање е кој профитира од скапиот увоз на струја?

    Зошто навреме не биле обезбедени енергенси, мазут на пример?

    СДСМ бара Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага за овие загуби од 100 милиони евра и да утврди одговорност.

    Кој ќе одговара за загубите од над 100 милиони евра?

    Кој профитира од увозот на струја?

    Кој заработува додека народот плаќа?

    Одговроност мора да има!

    Работата не е завршена!“, посочи Димитријевиќ.

    Прочитај повеќе

    Петрушевски: Македонија не смее да ја пропушти новата индустриска револуција, дата-центрите се инфраструктура на иднината

    26.08.2026 во 15:23

    Филипче: ВМРО и ДУИ договориле блокада на Собранието 

    26.08.2026 во 14:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.