Close Menu
Press24
    Најново

    Вежбањето го стимулира мозокот и ги подобрува когнитивните способности

    10.06.2026 во 23:43

    Градоначалникот Јорданов: Нема простор за паника – сите сме мобилизирани

    10.06.2026 во 23:30

    На помош доаѓаат пожарникари од Свети Николе и Кочани

    10.06.2026 во 23:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вежбањето го стимулира мозокот и ги подобрува когнитивните способности
    • Градоначалникот Јорданов: Нема простор за паника – сите сме мобилизирани
    • На помош доаѓаат пожарникари од Свети Николе и Кочани
    • ЦУК со детали: Беснее пожар во Штип – поради ветрот широко се проширил
    • ВИДЕО од големиот пожар во Штип
    • Голем пожар над Штип – градоначалникот свика итна прес-конференција
    • Муцунски: Заложник сме на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат
    • Лефков, Стефковски и Јованчев се нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски: Изречени се казни за загадувачите во Скопје, толеранција за никого нема да има

    Ѓорѓиевски: Изречени се казни за загадувачите во Скопје, толеранција за никого нема да има

    23.12.2025 во 17:231 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, преку социјалните мрежи информираше дека се спроведени засилени инспекциски надзори на терен по пробивањето на дозволениот праг на загаденост на воздухот. Тој истакна дека Инспекторатот за животна средина веќе изрекол казни за правни лица кои биле идентификувани како загадувачи.

    Ѓорѓиевски порача дека борбата за почист воздух продолжува уште поинтензивно и дека законот ќе важи подеднакво за сите.

    „Како градоначалник на Скопје, но пред сè како човек кој заедно со своето семејство го дише истиот воздух како и сите вас, немав право да молчам и да не постапам. Во изминатите два дена беа спроведени силни и координирани инспекциски надзори на терен. Инспекторатот за животна средина изрече казни кон правни лица – загадувачи и јасно покажа дека законот важи за сите“, напиша Ѓорѓиевски.

    Тој додаде дека за здравјето нема компромис и најави дека секој што го загрозува јавното здравје ќе биде санкциониран без исклучок.

    „Напротив, продолжуваме уште поинтензивно и уште поодлучно. Секој што го загрозува здравјето на граѓаните ќе биде санкциониран, без грам толеранција! За здравјето нема компромис. Ниту за мене, ниту за вас, ниту за нашите деца“, дециден е градоначалникот.

    Прочитај повеќе

    Скопската вода е безбедна за пиење

    10.06.2026 во 18:28

    (ФОТО) Нова зелена оаза во Скопје: Бутел добива мега парк на 8.000 метри квадратни

    10.06.2026 во 13:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.