Close Menu
Press24
    Најново

    На помош доаѓаат пожарникари од Свети Николе и Кочани

    10.06.2026 во 23:12

    ЦУК со детали: Беснее пожар во Штип – поради ветрот широко се проширил

    10.06.2026 во 22:52

    ВИДЕО од големиот пожар во Штип

    10.06.2026 во 22:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • На помош доаѓаат пожарникари од Свети Николе и Кочани
    • ЦУК со детали: Беснее пожар во Штип – поради ветрот широко се проширил
    • ВИДЕО од големиот пожар во Штип
    • Голем пожар над Штип – градоначалникот свика итна прес-конференција
    • Муцунски: Заложник сме на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат
    • Лефков, Стефковски и Јованчев се нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
    • Стојаноска: СДС го имаа вториот Груби, но во Министерство за земјоделие, интерпелацијата за Трипуновски е неоснована
    • Сиљановска Давкова: Освен уставните измени, Бугарите имаат барања поврзани со работата на историската комисија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Зошто мазутот не е набавен навреме, туку сега панично се бара решение?

    СДСМ: Зошто мазутот не е набавен навреме, туку сега панично се бара решение?

    23.12.2025 во 17:152 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Криминални политики со тендери и неспособност во енергетиката се двете единствени причини поради која сите граѓани на Македонија ќе плаќаат поскапа струја и поради што се воведува кризна состојба, велат од СДСМ.

    „За само година и половина владата на Мицкоски ја доведе најголемата државна енергетска компанија ЕСМ до финансиски и производствен колапс.

    Оваа година има историски најниско производство на домашна струја, нема ниту 3.000 GWh од планирани 5.100 GWh. Катастрофално лошо.

    За да се надминат овие загуби власта купува скапа струја од увоз, за многу повисоки цени отколку што би било ЕСМ да ја произведува дома. 

    Колку тоа ги чини граѓаните? 77 милиони евра е официјална загуба за само првите два квартали од 2025 години, со проекција од над 100 милиони евра загуба до крајот на 2025 година.

    Дополнително, над 110 милиони евра ЕСМ има земено нови кредити за само 18 месеци. Тоа се над 200 милиони евра!

    Дали сега е јасно? 

    Ова не е „надворешна криза“ и нема врска со протестите во Грција.

    Ова е внатрешно предизвикана катастрофа, резултат на криминални тендери, скап увоз на струја  и неспособност на власта на Мицкоски.

    КЛУЧНОТО ПРАШАЊЕ Е: ЗОШТО НАВРЕМЕ НЕ СЕ ОБЕЗБЕДЕНИ ЕНЕРГЕНСИ?

    Зошто во сред зима нема најмалку 300.000 тони јаглен на депонија, како основен услов за сигурно зимско производство? Зошто мазутот не е набавен навреме, туку сега панично се бара решение? Прашуваме: Дали постои веќе избрана фирма за снабдување со мазут? 

    Затоа се прогласува кризна состојба и затоа власта удри по џебот на граѓаните. Нема пари, има буџетска дупка од 1 милијарда евра, но не се откажува од криминалните тендери и скапот увоз на струја, а сега и на мазут. 

    Сметката за ова на крај ја плаќа народот, сите граѓани на Македонија!“, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Муцунски: Заложник сме на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат

    10.06.2026 во 22:20

    Лефков, Стефковски и Јованчев се нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

    10.06.2026 во 21:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.