Основниот пакет нацрт-документи како дел од мировниот план за завршување на војната во Украина е подготвен, изјави денес претседателот на Украина Володимир Зеленски, наведувајќи дека се подготвени вкупно 20 точки од мировниот план, како и дека се завршени нацрт-документите за безбедносни гаранции меѓу Украина и партнерските земји и нацрт-документот за обнова на земјата.
„Според мене, сè што требаше да се направи за првите нацрти е веќе направено. Постои план од 20 точки. Не е сè совршено, но планот постои“, рече Зеленски, пренесува Укринформ.
Украинскиот претседател додаде дека се подготвени рамковни документи за безбедносни гаранции меѓу Украина, Европската Унија и Соединетите Американски Држави, како и посебен билатерален документ за безбедносни гаранции меѓу Киев и Вашингтон, кој треба да го разгледа Конгресот на САД, вклучувајќи детали и доверливи анекси.
- Бројот на жртвите од железничката несреќа во Шпанија се искачи на 74, истрагата ги утврдува причините
- Ја бранел ќерка си од бившиот партнер, па завршил избоден – хорор во соседството
- Почина легендарниот актер Патрик Стјуарт
- 22-годишник уапсен во близина на Милано под сомнение за тероризам: Под истрага е планирање напади врз синагога и џамија
- „Никој да не го заборави тоа“: Путин ја предупредува Европа на опасно сценарио
- Андоновски: Во 2027 година се очекува поставување на камен-темелникот за Националниот дата центар
- Електрична греалка предизвикала пожар во соба: Починаа две мали деца
- Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе

