Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Топлотниот бран не попушта – горештини не чекаат и во септември

    25.08.2026 во 15:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ФОТО)Дарио Панковски алармира за сајбер измама: Непознати лица бараат пари за концерт во негово име
    • Кога градите автопат вие градите иднина – да оставиме дела зад себе
    • Уште неколку дена за пријавување: Жени, направете го првиот чекор кон економска независност
    • Филипче: ВМРО и ДУИ договориле блокада на Собранието 
    • Тепачка за паркинг во Центар: Скопјанец нападнат од жена
    • Се му застари: Што му остана на Груевски за лежење а што за судење
    • Физички нападнат возач на ЈСП во Центар: Патник се обидел да влезе во автобусот додека бил во движење
    • Ковачевски може да каже што сака ние сме демократија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Преку наместен тендер во ЕСМ „испрани“ два милиони евра

    ВМРО-ДПМНЕ: Преку наместен тендер во ЕСМ „испрани“ два милиони евра

    22.12.2025 во 09:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДС и ДУИ одамна се познати по тендерските мрежи за нивното седумгодишно владеење, поточно за воспоставување на систем на однапред договорени тендери и контролирана конкуренција, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Во 2023 година, преку организирана и добро осмислена шема во ЕСМ, во 2023 година биле испрани околу 2 милиони евра, преку наместен јавен тендер во вкупна вредност од 8 милиони евра.

    Наместо јавната набавка да биде транспарентна, конкурентна и во интерес на јавноста, во постапката биле вклучени две правни лица  едно од Скопје и едно од Куманово. Но нивните улоги биле јасно дефинирани уште пред самиот почеток. Кумановската фирма била вметната само за да се создаде привид на конкуренција и да не изгледа дека скопската фирма е единствениот понудувач.

    Фирмата од Куманово, која формално требало да игра улога на конкуренција, доставила непотполна документација и понуда со цена повисока од претходно проценетата вредност. Од друга страна фирмата од Скопје понудила цена која речиси целосно се поклопувала со проценетата вредност иако таа вредност воопшто не била јавно објавена во огласот.

    По завршувањето на постапката, со цел да се замагли трагата, осомничените пуштале во оптек, примале и пренесувале финансиски средства во износ од околу 2 милиони евра  што претставува јасна основа за сомнение за кривично дело перење пари.

    Ова не е изолиран случај, туку само една од многуте шеми на наместени тендери што функционираа за време на СДС и ДУИ.

    Ниту едните ниту другите не се оградија и не се дистанцираа, ниту пак преземаа некаква одговорност туку само продолжуваат да го релативизираат и штитат криминалот“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Филипче: ВМРО и ДУИ договориле блокада на Собранието 

    26.08.2026 во 14:50

    Николоски: Го отвораме Скопје и Македонија кон најмалку две пристаништа

    26.08.2026 во 14:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.