Close Menu
Press24
    Најново

    Муцунски во Анкара: Разговор со холандскиот шеф на дипломатијата

    08.07.2026 во 10:54

    ММФ: Геополитичките кризи го прават бакарот сè повреден, Македонија сè уште не ги користи резервите во Иловица

    08.07.2026 во 10:42

    Апсење во Скопје – Полицијата изврши претрес, МВР со детали

    08.07.2026 во 10:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Муцунски во Анкара: Разговор со холандскиот шеф на дипломатијата
    • ММФ: Геополитичките кризи го прават бакарот сè повреден, Македонија сè уште не ги користи резервите во Иловица
    • Апсење во Скопје – Полицијата изврши претрес, МВР со детали
    • Судскиот Совет одлучи: Кривичниот суд доби нов претседател
    • Сообраќајка во Скопје: Едно лице тешко повредено
    • Лазе Еленовски: Ако цената за ЕУ е „висока“, тогаш чесно е на народот да му се каже не чекајте ЕУ следните години
    • Николоски: Товарните возови надвор од Скопје – Почист воздух и побрз карго сообраќај
    • Во три смени се чисти и мие – Скопје исчистено од над 82 илјади тони комунален отпад
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Замина тивкиот мајстор на сцената: Почина актерот Лазе Манасков на 66-годишна возраст

    Замина тивкиот мајстор на сцената: Почина актерот Лазе Манасков на 66-годишна возраст

    20.12.2025 во 17:291 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонската театарска и филмска сцена денес остана посиромашна за уште едно големо име. На 66-годишна возраст почина истакнатиот актер Лазе Манасков, долгогодишен член на ансамблот на Драмски театар Скопје.

    Веста за неговото заминување ја споделија неговите колеги, кои и покрај болката, одлучија вечерва да останат на сцената во негова чест.

    Изведбата на претставата „Куршуми над Бродвеј“ ќе биде посветена токму на нивниот починат колега.

    Манасков (Манасковски) е роден во 1959 година во Велес. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1984 година, во класата на професорот Илија Милчин. Кариерата ја започнува во велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“, а од 1990 година станува дел од Драмски театар Скопје.

    Публиката ќе го памети по бројните улоги во култни претстави како „Тетовирани души“, „Црно семе“, „Ангели на отпад“ и „Буре барут“, но и по филмските остварувања, меѓу кои и улогата во „Среќна Нова ’49“.

    „Со длабоко жалење ве известуваме дека нашиот актер и долгогодишен колега Лазе Манасков почина денес. Вечерашната изведба на претставата „Куршуми над Бродвеј” ќе биде изведена во негова чест! Нека му е вечна слава!“, стои во соопштението.

    Прочитај повеќе

    Апсење во Скопје – Полицијата изврши претрес, МВР со детали

    08.07.2026 во 10:41

    Сообраќајка во Скопје: Едно лице тешко повредено

    08.07.2026 во 10:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.