Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стојаноски за „Сејф Сити“: Во првите 15 дена од тест периодот нема жртви во Скопје

    Стојаноски за „Сејф Сити“: Во првите 15 дена од тест периодот нема жртви во Скопје

    19.12.2025 во 13:592 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во вечерното шоу на Богдан Илиевски на Алфа телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој зборуваше за многу актуелни теми меѓу кои и за измените на законите во Собранието поврзани со  функционирањето на системот „Сејф Сити“, оценувајќи го системот како позитивен со цел воспоставување на ред во сообраќајот и намалување на жртвите.

    „Човечки е дека луѓето треба да се навикнат и затоа ја поздравувам одлуката на министерот Панче Тошковски да има таков тест период, од друга страна јас би се фокусирал на друга статистика, тоа е дека во првите 15 дена од тест периодот нема ниту една жртва низ скопските улици и сметам дека тоа е позитивно и тоа е на крај суштината на „Сејф Сити“, да бидеме искрени и реални“, рече Стојаноски.

    Пратеникот Стојаноски истакна дека со законските измени се отвора патот да профункционира „Сејф Сити“ од 1 февруари и понатаму да се прошири и на други дејности.

    „И затоа треба таквите реформски закони да не ги гледате низ политички опортунизам туку што на крајот суштински ќе се подобри. Пет закони беа сега заедно со Кривичниот законик тоа е пакет на  6 закони, во кои целата онаа функционалност и детали коишто бараат да почиваат врз законски измени се донесени, така да апсолутно се отвора патот да профункционира системот од 1 февруари, имавме доста дебати за тие законски измени сметам дека сето она што го гледавме низ улиците на Скопје но и низ сите градови во државата, бидејќи овој систем кога ќе профункционира ќе биде воспоставен насекаде, бидејќи ќе треба да се прошири на други дејности, веќе сум разговарал со некои од скопските градоначалници, тие сакајќи да го сопрат оној вандализам на оштетување на јавната и урбана опрема сакаат да ги инсталираат и таму, вели Стојаноски и додаде:

    „Се санкционираат одредени дејанија коишто беа многу негативни низ сообраќајот во Македонија тоа е безобзирно возење, без возачка дозвола, колку прекршоци треба да сторите за да ви биде одземена возачката итн.“

    Прочитај повеќе

    Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор

    22.10.2026 во 23:43

    Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година

    22.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.