Вчера во 11.40 часот во Струга, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга го лишија од слобода Н.С.(40) од с.Горно Лакочереј, охридско.
Тој се сомничи дека на 11.12.2025 измамил 77-годишна жена од струшко село за сума од 8.000 евра. Според пријавеното, на 11.12.2025 тој телефонски ја побарал жената, лажно се претставил и ѝ рекол дека нејзината ќерка прегазила дете на пешачки премин и дека ќе треба да плати за да ја пуштат, односно да ја ослободат од наводно обвинение. Откако се договориле жената му ги дала парите и тој заминал.
По преземени мерки и активности во соработка со Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за општ и насилен криминал, тој е пронајден и лишен од слобода, а по целосно документирање на случајот, против него е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “измама”.
- Времето денеска: Сончево и топло до 37 степени
- Сирски: Од почетокот на годината погодивме околу 700 цели во Русија
- Жена пријавила дека ѝ бил ограбен сефот во банка кој го имала закупено – недостасувале пари и часовник
- Млада скопјанка нападната од жена во Кисела Вода
- Скопјанец ги натепал татко си и сестра си – искршил и дел од покуќнината
- Објавени нови 40 фајлови за НЛО, познато е што содржат
- Жена ќе одговара за „насилство врз дете“
- Андоновски: Дијаспората треба електронски да гласа

