СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.А.(46) од Тетово, вработен како раководител на сектор во Јавна установа „Центар за социјални работи“- Тетово и В.А.(49) од Тетово, директор во установата, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, против Ќ.Б.Д.(34) од Тетово, стручен соработник, и А.Љ.(40) од Тетово, социјален работник во установата поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и против М.Н.(57), Ш.С.(52) и А.Ф.(54), сите од с.Боговиње, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на службена исправа“ и „давање лажен исказ“.
Во текот на 2024 година, првопријавениот изготвил и донел позитивни решенија за остварување на право на надомест заради попреченост на лице со најтешка телесна попреченост, на име на петто и шестопријавената, за кои претходно не била извршена соодветна проверка, додека второпријавената како директор, потпишала и донела позитивно решение по истиот основ на име на седмопријавената.
Трето и четвртопријавените, кои ги воделе постапките за лицата, не извршиле непосреден увид во домаќинството на корисникот, додека петто, шесто и седмопријавената во постапката пред надлежен орган- ЈУМЦСР Тетово, поднеле барања со давање на лажен исказ дека истите ги исполнуваат условите за остварување на правото на надомест за попреченост на лице со најтешка телесна попреченост, а приложиле и фалсификувана службена исправа-конзилијарно мислење, за што по извршените проверки констатирано е дека наведените лица воопшто немале закажан термин.
- Велковски во посета на Центарот за социјална работа во Велес: Помошта да стигне до оние на кои им е најпотребна
- Утре дел од една скопска општина неколку часа ќе остане без електрична енергија
- Успешно заврши големата спасувачка акција во рудникот: Извлечени 18 рудари кои поминаа повеќе од 12 часа под земја
- Рокас од Крушево: Има забрзување на реформите
- Силјановска-Давкова за изјавата на бугарската министерка: Никој не може да ни ја забрани придавката „македонски“
- ВЛЕН: Реформите во високото образование даваат конкретни резултати
- Лоши вести: Цената на нафтата расте
- Беровчанец кривично ќе се гони – испраќал смс пораки со заканувачка содржина на јавен обвинител

