Close Menu
Press24
    Најново

    ФОТО: Почина Биљана, зад себе остави две деца – Тага на српската естрада, пријателите со последно збогум

    04.08.2026 во 10:43

    Тошковски и институциите на маса – Главниот штаб за кризи на седница за водата во Гостивар

    04.08.2026 во 10:31

    Тага во регионот, актерката Наталија Дончева почина на 56. години – „Конечно отиде да се одмори“

    04.08.2026 во 10:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ФОТО: Почина Биљана, зад себе остави две деца – Тага на српската естрада, пријателите со последно збогум
    • Тошковски и институциите на маса – Главниот штаб за кризи на седница за водата во Гостивар
    • Тага во регионот, актерката Наталија Дончева почина на 56. години – „Конечно отиде да се одмори“
    • ВИДЕО: Инцидент во Македонија – Две лица нападнати со тврди предмети, тројца приведени
    • Голема промена во плаќањата: Што ќе значи ISO 20022 за секој граѓанин
    • Штети поради пожарите кај Раец: Дреново остана без вода
    • Продолжува битката со пожарот кај Раец: 45 лица и механизација на терен
    • Сообраќајка во Скопје: Едно лице тешко повредено
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николовски од Брисел: Македонија чекор поблиску до ЕУ – потпишан Mеморандум за електронска размена на податоци со Бугарија

    Николовски од Брисел: Македонија чекор поблиску до ЕУ – потпишан Mеморандум за електронска размена на податоци со Бугарија

    17.12.2025 во 14:521 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На највисоко ниво и во присуство на еврокомесарот за проширување Марта Кос, денеска во седиштето на Европската комисија во Брисел, директорот на Царинска управа, Бобан Николовски и директорот на Националната царинска агенција на Република Бугарија, Георги Димов, потпишаа Меморандум за разбирање со кој се овозможува  електронска размена на податоци. Целта е забрзување на легалната трговија и спречување на обиди за царинска измама, со што директно ќе се придонесе за зајакнување на конкурентноста на македонската економија на пазарот во ЕУ.

    Николовски вели дека со овој чекор Царинската управа јасно ги покажува силните заложби на институцијата за забрзување на интеграцијата на нашата држава во ЕУ.

    „На овој начин го трасираме патот напред, при што нашата интенција е забрзана интеграција во единствениот пазар на ЕУ и подобрување на конкурентноста на македонската економија. Од ЕУ имаме силна поддршка, за што доказ е и денешниот настан“, истакна Николовски од Брисел.

    На потпишувањето беа присутни директорите на Царинските управи од земјите од Западен Балкан и ЕУ, како и директорите на ЦЕФТА и Транспортна заедница.

    Прочитај повеќе

    Тошковски и институциите на маса – Главниот штаб за кризи на седница за водата во Гостивар

    04.08.2026 во 10:31

    ВИДЕО: Инцидент во Македонија – Две лица нападнати со тврди предмети, тројца приведени

    04.08.2026 во 09:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.