Close Menu
Press24
    Најново

    Голема романса за три знаци

    03.04.2026 во 23:45

    Лимани ги посети дневните центри „Во Мојот Свет“ и „Блу Пазл“: Продолжуваме посветени на унапредување на социјалните услуги и развој на инклузивни политики

    03.04.2026 во 23:12

    САД со последна опомена: Американците веднаш да го напуштат Либан

    03.04.2026 во 22:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Голема романса за три знаци
    • Лимани ги посети дневните центри „Во Мојот Свет“ и „Блу Пазл“: Продолжуваме посветени на унапредување на социјалните услуги и развој на инклузивни политики
    • САД со последна опомена: Американците веднаш да го напуштат Либан
    • Драма на небото: Се урна уште еден американски воен авион, пилотот со брза реакција го спаси животот
    • Метео пресврт: Прво дожд и облаци, а потоа нè очекува голем скок на температурите
    • Ескалација во Иран: Бомбардирани престижни универзитети во Техеран и Исфахан
    • Во земја за цвеќиња скриле повеќе од 1,1 тон кокаин
    • Најновиот „портрет“ на Земјата: НАСА објавува нови фотографии од вселената
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: СДС оди во стечај

    Манасиевски: СДС оди во стечај

    17.12.2025 во 12:323 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДС вчеравечер ја потврди нашата констатација дека продолжуваат да тонат се повеќе, наместо нов и свеж кадар, Филипче ги врати старите лица на Зоран Заев. На следните избори 100.000 гласови им се плафон, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

    Претставија “Нова сила”, а всушност тоа се стари лица на Зоран Заев кој заедно со Филипче го доприватизираа и раскрчмија СДС, истакна Манасиевски.

    „Во т.н “ново” раководство на СДС влезе екс директорот на затворот Шутка со активна кривична пријава за злоупотреба на службена должност, Филип Андов, исто така влезе и Јон Фрчковски кој беше фатен како се дрогира на своето работно место и призна за тоа и наместо казна тој доби унапредување во СДС.

    Новите сили, а стари кадри напишани од Зоран Заев, а изгласани од Венко Филипче се:

    Рената Младеновска, поранешна директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и досегашен член на ИО на СДС; односно стар кадар.

    Драган Крајовски, претседател на ОО на СДС во Битола во времето на Ковачевски а директор на затворот „Црн мост“во времето на Зоран Заев и член на Централниот одбор на СДС; односно стар кадар.

    Дејан Николовски, вработен во кабинетот на Зоран Заев и задолжен за странските инвестиции и досегашен претседавач на Централниот одбор; односно стар кадар.

    Андреј Жерновски, прелетач за функција од ЛДП во СДС на Зоран Заев, неуспешен и скандалозен дипломат, неуспешен градоначалник, неуспешен градежник, а јавноста не го памети по ништо добро, туку само по ширење на паника дека ќе се урне стадионот кој ден денес сеуште го имаме во Скопје; исто така стар кадар.

    Агрон Демири, екс советник во секторот за Европска Унија и меѓународна соработка, потоа правник и е дел од Одделението за правни услуги во АД ЕСМ, коносител во ИЕ 6 на парламентарните кога СДС го претрпеа најголемиот пораз во историјата и впрочем Агрон Демири не успеа да влезе како втор на листата како пратеник; исто така стар кадар.

    Љупчо Фармаковски – Фосил уште од времето на Хари Костов во Влада и МВР како државен советник, па и до ден денес му е главен координатор за човечки ресурси во Комерцијална Банка. Во 2008 година беше претседател на Националната комисија за интегрирано гранично управување. И до сега впрочем беше организациски секретар на СДС; исто така стар кадар.

    Јованка Тренчевска, поранешна министерка во владите на Заев за труд и социјална политика. Кочеше 16 согласности за воспитувачки и негувателки како и 10 согласности за помошно технички персонал во градинките во општина Бутел кога градоначалникот беше од ВМРО-ДПМНЕ, а исто така опструираше и одземаше ингеренции и во Куманово.  Го врати на работа директорот на меѓуопштински Центар за социјална работа во Радовиш, Александар Филев од СДС, откако беше разрешен затоа што беше фатен во трговија со дрога. Во 2024 година таа се повлече од функцијата како Претседателка на форумот на жени на СДС каде што вели, цитирам: „Од денес во СДС нека настапат оние со квалитети, вистински знаења, лицата блиски до народот на кои им се верува. Нови лица, неизвалкани од бремето на претходните функционери“, е вака тогаш напиша, а сега се промовира како освежување Јованка Тренчевска, потпретседател на СДС; исто така стар и истрошен кадар“, посочи Манасиевски.

    Манасиевски потенцираше дека се што треба да знаете за СДС е дека новиот кадар на Венко за претседавач на ЦО на СДС е Герасим Лазов.

    „Ова е убедливо најлошиот состав на СДС, Филипче и Зоран Заев. Приватизациjата на СДС завршува, а наредниот чекор е тежок стечај“, нагласи Манасиевски.

    Популарно

    Голема романса за три знаци

    03.04.2026 во 23:45

    Лимани ги посети дневните центри „Во Мојот Свет“ и „Блу Пазл“: Продолжуваме посветени на унапредување на социјалните услуги и развој на инклузивни политики

    03.04.2026 во 23:12

    САД со последна опомена: Американците веднаш да го напуштат Либан

    03.04.2026 во 22:52

    Драма на небото: Се урна уште еден американски воен авион, пилотот со брза реакција го спаси животот

    03.04.2026 во 22:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.