Close Menu
Press24
    Најново

    Дрска кражба во Земун: Скршиле стакло на автомобил за да украдат електричен тротинет

    09.06.2026 во 23:50

    Ескалација на Блискиот Исток: Америка започна воздушни напади врз Иран, Трамп нареди одмазда за соборениот „Апачи“

    09.06.2026 во 23:46

    Овие три хороскопски знаци ќе пливаат во богатство до крајот на летото

    09.06.2026 во 23:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дрска кражба во Земун: Скршиле стакло на автомобил за да украдат електричен тротинет
    • Ескалација на Блискиот Исток: Америка започна воздушни напади врз Иран, Трамп нареди одмазда за соборениот „Апачи“
    • Овие три хороскопски знаци ќе пливаат во богатство до крајот на летото
    • ЕУ подготвува шок-правила за Балканот: Германија и Франција бараат новите членки привремено да немаат право на глас
    • Украинците ги засилуваат нападите на Крим: Ова е нивната главна цел втора ноќ по ред
    • Хаос во Белфаст: Запален автобус и брутални антиимигрантски немири по крвавиот напад со нож
    • Филмска измама во Канада: Пилот летал патнички авиони 17 години без дозвола на над 900 летови
    • Нова експлозија на автомобил-бомба во близина на Москва: Загина маж, се сомнева дека е висок офицер
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ признаа договор за мигранти за пари, ја предадоа Македонија

    СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ признаа договор за мигранти за пари, ја предадоа Македонија

    14.12.2025 во 13:203 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Откако со денови објаснуваме дека постои договор „мигранти за пари“, конечно ДПМНЕ-ЗНАМ го признаа тоа, велат од СДСМ.

    „Не само што признаа, туку тоа го поставија и во форма на Резолуција која сакаат да ја верификуваат во Собранието.

    Во оваа контра Резолуција на ДПМНЕ нема јасна одредба против носење мигранти од Британија за пари. Има игра на зборови, обид за поинакво дефинирање на мигрантите.

    Во текстот на резолуцијата се вели следното:

    “Резолуцијата воспоставува јасна државна политика против нелегалната миграција и стапува во сила веднаш по нејзиното изгласување. Во таа насока, оваа Резолуција на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предложиме во Собранието на Република Македонија и од таа причина ги покануваме сите парламентарни партии заедно да ја поддржат“

    Со цел да им објасниме на граѓаните дека овде станува збор за игра на зборови, односно поинакво дефинирање  на мигрантите.

    НЕ ПОСТОЈАТ ЛЕГАЛНИ И НЕЛЕГАЛНИ МИГРАНТИ. ПОСТОЈАТ САМО МИГРАНТИ.

    Мигрантите се луѓе кои ги напуштиле своите домови и избегале во други земји поради војната што ги погодила во нивната земја. Не постои начин да бидеш „легален“ или „нелегален“ мигрант кога бегаш од војна и ја напушташ својата татковина.

    Истото ѝ се случи и на поранешна Југославија на почетокот на граѓанската војна. Тие луѓе кои бегаа, а ние ги нарекувавме „избегани и раселени лица“, често нарекувани „бегалци“. Да се биде „бегалец“ или „мигрант“ е идентична работа, само наречена со друго име.

    Зошто го прават ова? 

    Веќе неколку дена објаснуваме дека ДПМНЕ се обидува да го избегне прашањето за мигрантите. 

    Пред неколку дена Мицкоски, по изјавата „ако некој види нелегален мигрант до пролет“, токму преку дефинирањето на „нелегални“ мигранти објасни дека се обидуваат со дефиниции да го избегнат она што стои зад сето ова!

    А тоа е „мигранти за пари“. Мигранти во јуни во Македонија.

    Истото го потврди и Антониот Милошоски од ДПМНЕ гостувајќи во емисијата, каде даде уште една дефиниција – „економски работници“! 

    Со ова е потврдено сè што СДСМ го зборува и за што предупредува.Ова е нивното предавство на Македонија, мигранти за пари.

    Денеска нивното признание го имаме и на хартија. Потпишано!

    Ете, граѓани на Македонија, зошто не сакаа да ја потпишат Резолуцијата што ние ја предложивме. 

    Сега го имате и напишано, а наскоро, бидејќи ќе ја достават во Собранието на потпис – и потпишано „со вашиот потпис“, преку пратениците на ДПМНЕ!

    Вистината секогаш победува!

    Дали ќе седиме мирно и ќе ги чекаме мигрантите или ќе се спротивставиме?

    Борбата започна! И нема да престане!

    Сите ќе одговарате!“, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Историски удар на нарко-пазарот: Запленет речиси еден тон хероин вреден 52 милиони евра

    08.06.2026 во 16:25

    Убиен маж од српско потекло во Барселона, напаѓачот во бегство

    08.06.2026 во 13:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.