Close Menu
Press24
    Најново

    (ВИДЕО) Експлозии одекнуваат низ цела Русија, Белгород остана без струја

    23.02.2026 во 10:15

    Груби спроведен во Шутка

    23.02.2026 во 10:13

    Азески во Меѓународниот совет на Економскиот факултет во Љубљана – најдобро рангиран на Шангајската листа во регионот 

    23.02.2026 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • (ВИДЕО) Експлозии одекнуваат низ цела Русија, Белгород остана без струја
    • Груби спроведен во Шутка
    • Азески во Меѓународниот совет на Економскиот факултет во Љубљана – најдобро рангиран на Шангајската листа во регионот 
    • Патниците ја поминаа ноќта заробени во авион: Драма на аеродромот во Минхен
    • Видео: Судир на пет возила во Македонија – Делови од автомобилите по патот
    • Тепачка во Затворот Скопје
    • Овие предмети веднаш треба да ги исфрлите од домот – привлекуваат лоша среќа во секој дом
    • Драма во Скопје: Партнерот ја истепал во Градски Парк
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Пукна меурот од конструкции на СДС

    ВМРО-ДПМНЕ: Пукна меурот од конструкции на СДС

    14.12.2025 во 10:57
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Хистеријата на СДС и Филипче за лажните вести што ги создаваат и пласираат се распукнаа како меур од сапуница. Лицемерието на СДС и Филипче излезе на виделина пред очите на целокупната јавност. За разлика од глумата на Филипче во улогата на патриот, менувањето ставови и ширењето лаги за непостоечки теми од страна на СДС, ВМРО-ДПМНЕ има јасна државотворна позиција против политиките што ја загрозуваат безбедноста и интересите на граѓаните на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ и тогаш, и сега води антиемигрантска политика, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Фактите се јасни и документирани, СДС на чело со Заев и Филипче отворено нудеа Македонија да стане паркинг на мигрантски кампови. Вистина е дека постоеја планови, постојат изјави и постоела волја кај СДС, Заев и Филипче да се вдомат мигранти.

    Филипче и Заев биле спремни за населување на мигрантите во Скопје, во 2018 година усвоиле План за изградба на мигрантски камп во Бардовци.

    Филипче туркал камп во Бардовци и гласал да се доселат мигранти во Македонија, а за сето тоа има и доказ во Службениот весник од 2018 година, каде што е објавена одлуката на владата за изградба на мигрантски камп, со Имотен лист бр. 2140 за КО Бардовци.

    Филипче растура пердуви со лажни теми и игра криенка по партиските штабови додека бега од новинари и новинарски прашања.

    Додека Филипче бега, вистината ги стигна и излезе на виделина. Наместо спинови и паника СДС нека одговори колку мигранти беа спремни да примат во 2018 година?

    Кој ги договараше камповите?

    Зошто тогаш Филипче молчеше во знак на одобрение а денес глуми патриот и принципиелност?

    Време е СДС и Филипче да се посветат на мигрантите од сопствените редови кои им бегаат во други партии и да си ја реформираат партијата. На Македонија и е потребна зрела и конструктивна опозиција“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Популарно

    (ФОТО) Уапсен Артан Груби

    23.02.2026 во 08:03

    Нема веќе бесплатно разгледување: Продавниците почнаа да наплаќаат „влезница“ – ако не купите ништо, плаќате 25 евра

    20.02.2026 во 21:00

    АМСМ информира каква е состојбата на патиштата

    23.02.2026 во 08:03

    Ќе нема струја – Најавени прекини во три скопски општини

    23.02.2026 во 08:10

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.