Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Забрзување на гасната врска со Србија: Интерконекторот Клечовце-Врање завршува во 2027 година

    Забрзување на гасната врска со Србија: Интерконекторот Клечовце-Врање завршува во 2027 година

    13.12.2025 во 19:222 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Делегација од Северна Македонија, предводена од министерката за енергетика, рударство и минерални ресурси, Сања Божиновска, престојуваше во Белград на работна средба со српската колешка Дубравка Хандановиќ Ѓуровиќ.

    Главен фокус на средбата беше забрзаната имплементација на проектот за гасен интерконектор меѓу Северна Македонија и Србија, кој е од стратешко значење за регионалната енергетска безбедност и диверзификација.

    Изградбата на интерконекторот се очекува да биде завршена во 2027 година, а првиот гас да помине низ гасоводот во 2028 година.

    Интерконекторот е долг околу 67 километри (23 км во С. Македонија и 44 км во Србија) и ќе ги поврзе гасните системи од Клечовце (С. Македонија) со Врање (Србија).

    Покрај другите комерцијални банки, за финансирање на проектот е заинтересирана и Светската банка.

    Се планира гасоводот да биде технички подготвен и за иден транспорт на водород, во согласност со европските зелени политики.

    Министерката Божиновска нагласи дека проектот напредува според утврдената динамика:

    „Интерконекторот со Србија е клучен проект што ќе ја отвори нашата земја кон нови извори на гас и ќе ја зајакне регионалната енергетска стабилност… Тој е едно од најважните инфраструктурни врски за целиот регион.“

    Српската министерка Хандановиќ Ѓуровиќ ја потврди посветеноста на заедничката визија:

    „Гасовниот интерконектор со Северна Македонија е проект кој има значење надвор од нашите граници… Ќе создадеме нова енергетска оска на стабилност меѓу двете земји.“

    Двете делегации се обврзаа на интензивна координација за навремено исполнување на сите обврски, со цел интерконекторот да стане безбедна, функционална и модерна енергетска врска.

    Прочитај повеќе

    Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор

    22.10.2026 во 23:43

    Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година

    22.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.