Close Menu
Press24
    Најново

    Спречен нов терористички напад во Европа: Уапсени тинејџери кои планирале напад врз трговски центар

    20.02.2026 во 23:50

    Полицијата пресретна измамници: Татко и син од Романија продавале лажни брендови за злато и девизи

    20.02.2026 во 23:43

    Штипјанец имал клуч од работното место, па после работно време отишол и ги собрал парите

    20.02.2026 во 23:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Спречен нов терористички напад во Европа: Уапсени тинејџери кои планирале напад врз трговски центар
    • Полицијата пресретна измамници: Татко и син од Романија продавале лажни брендови за злато и девизи
    • Штипјанец имал клуч од работното место, па после работно време отишол и ги собрал парите
    • Страшна несреќа на булевар во Гевгелија: 76-годишник прегазил 77-годишна бабичка која туркала велосипед
    • Американските војници почнуваат со евакуација од Катар и Бахреин
    • (ВИДЕО) Тирана во пламен: Молотови коктели се фрлаат врз владата, полицијата со водни топови го смирува хаосот
    • Семеен ужас: Скопјанец ја претепал партнерката и детето – заврши во полиција
    • Подгответе се за хаос: Ништо нема да биде како што изгледа – Од 26 февруари Меркур влегува во својата ретроградна фаза
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димитријевиќ: Пред два месеци српската Алта банка ја презеде „Стопанска Банка АД Битола“, за тоа согласност дал Трајко Славески

    Димитријевиќ: Пред два месеци српската Алта банка ја презеде „Стопанска Банка АД Битола“, за тоа согласност дал Трајко Славески

    12.12.2025 во 11:31
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Влезот на српската „Алта банка“ во македонскиот банкарски сектор преку преземањето на „Стопанска Банка АД Битола“ е дел од „српско сценарио“ за инфилтрирање на сомнителен капитал и политички влијанија, обвини денеска Александар Саша Димитријевиќ, член на ЦО на СДСМ.

    На прес-конференцијата, која партијата ја најави како „нова бомба“, Димитријевиќ истакна дека зад оваа зделка се крие врската меѓу сопственикот на „Алта банка“, Давор Мацура, и владејачките структури во Србија и Македонија.

    „Банкарот на Вучиќ стана банкар и на Мицкоски. Пред само два месеци српската Алта банка ја презеде „Стопанска Банка АД Битола“. За тоа согласност дал Трајко Славески, гувернер на НБРМ. Дали токму тоа е причината за која Трајко Славевски беше избран за Гувернер, само за да тивко и експедитивно се реализира токму оваа зделка?“, праша Димитријевиќ.

    Кој е Давор Мацура? СДСМ изнесе серија обвинувања за профилот на новиот сопственик. Според нив, Мацура за краток период од сопственик на мала менувачница во Земун, станал тајкун со огромни државни договори во Србија, благодарение на блискоста со Александар Вучиќ.

    „Според пишувањата на српските медиуми рецептот за успех се неговите врските со власта на СНС, Александар Вучиќ, неговиот брат и кум. Српската опозиција редовно го обвинува Мацура за криминал. А медиумите во Србија го врзуваат пријателството и со Милан Радојчиќ, лице под американски санкции и на црната листа“, обелодени Димитријевиќ.

    ЕЦБ го блокираше, НБРМ го одобри Најсериозното обвинување се однесува на наводната истрага за перење пари. Димитријевиќ посочи дека додека Македонија му ги отворила вратите, Европската централна банка (ЕЦБ) му поставила рампа.

    „Кога Мацура се обидел да се прошири и во ЕУ, односно да купи речиси 20 проценти од уделот во австриската Адико банка, Европската централна банка му го суспендирала правото поради сомнеж за потеклото на капиталот. По пишувањата на угледниот Фајненшл тајмс, постоела долга истрага на ЕЦБ за Alta Pay поради сомнежи за перење пари“, рече тој.

    Опозицијата прашува како е можно европските институции да преземат ригорозни чекори, а Народната банка на Македонија „без размислување“ да го дозволи преземањето.

    „Ова значи легален влез на сомнителни финансиски текови во Македонија и отворање врата за можно перење пари… Оваа трансакција е нераскинливо поврзана со финансиско-политичката мрежа на владејачките структури со Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, заклучи Димитријевиќ, барајќи итна истрага од Финансиското разузнавање и Финансиската полиција.

    Популарно

    (ФОТО) „Овој тип ми го запали автомобилот“: Бака Прасе го покажува лицето на човекот осомничен за запалување на неговиот Брабус

    20.02.2026 во 19:49

    Хорор во Солун: Пронајдени телата на две исчезнати жени, полицијата се сомнева на сериски убијци

    20.02.2026 во 19:25

    Полицијата пресретна измамници: Татко и син од Романија продавале лажни брендови за злато и девизи

    20.02.2026 во 23:43

    Спречен нов терористички напад во Европа: Уапсени тинејџери кои планирале напад врз трговски центар

    20.02.2026 во 23:50

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.