Close Menu
    Најново

    Тепачка на автопатот Гостивар – Тетово: Ги пресретнале со ротација им го пресекле патот, па ги натепале

    13.12.2025 во 14:50

    Реакција на ЗНМ: СДСМ ја ограничува слободата на медиумите

    13.12.2025 во 14:39

    Паднаа четворица полицајци и адвокат

    13.12.2025 во 14:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Тепачка на автопатот Гостивар – Тетово: Ги пресретнале со ротација им го пресекле патот, па ги натепале
    • Реакција на ЗНМ: СДСМ ја ограничува слободата на медиумите
    • Паднаа четворица полицајци и адвокат
    • Трагедија во производствена хала во фирма во Скопје: Загина работник
    • Тешко повреден камионџија од Скопје: Излегол од камионот по што налетал автомобил и го прегазил
    • (ВИДЕО) Расчистен случајот со насилство во Сарај: Шест ученици нападнале двајца соученици, еден со тешки повреди
    • 537 белвици нелегално уловени: Запленет улов и 550 метри мрежи на Охридското Езеро
    • Фатени на дело: Четворица албански државјани уапсени при кражба во Струга
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » „Атлантски бастион“ – нов британски штит против руски подморници и подводни закани

    „Атлантски бастион“ – нов британски штит против руски подморници и подводни закани

    11.12.2025 во 19:10Updated:11.12.2025 во 19:16
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Британската кралска морнарица три дена ја следела руската подморница во Ламанш, и тоа во услови на силно невреме, пренесе ДПА. Во операцијата бил вклучен бродот за поддршка RFA Tidesurge, опремен со хеликоптер Merlin, кој ја надгледувал подморницата од класата Кило – „Краснодар“, како и придружниот реморкер „Алтај“.

    Руските пловила минувале западно од Северното Море, потоа низ Доверскиот Теснец и влегле во Ламанш.

    „Нема ништо како руска подморница за да го изостри вниманието на секој морнар“, изјави капетанот Џејмс Ален, командант на RFA Tidesurge.

    „Одржувањето отворено присуство и континуирано надгледување на руските пловни објекти во водите на Обединетото Кралство е од витално значење за националната безбедност“, додаде потполковникот Дејвид Емери од Атлантската ескадрила на 814. поморски воздушен ескадрон.

    Подморницата, која пловела на површината и покрај лошите временски услови, била следена сè до областа кај островот Ушан, северозападно од Франција, по што Tidesurge ја предал задачата за набљудување на сојузничка НАТО-земја. Хеликоптерот Merlin останал на бродот за целото времетраење на мисијата.

    Ова е втора операција од ваков тип за кратко време. Во јули, HMS Mersey, хеликоптер Wildcat и специјализиран авион Merlin за откривање подморници ја следеа руската подморница Novorossiysk додека пловеше долж британските води.

    Паралелно со тоа, британскиот министер за одбрана Џон Хили го претстави „Атлантски бастион“ – нова, високо технолошка структура вредна милиони фунти, наменета за заштита на подводните кабли и енергетски линии од можни руски саботажи.

    Министерството за одбрана претходно објави дека во последните две години е забележано 30% зголемување на руските пловни објекти кои го „загрозуваат“ британскиот морски простор.

    Обединетото Кралство неодамна го потпиша и одбранбениот пакт Lunna House со Норвешка, со цел дополнителна заштита на подводната инфраструктура од потенцијални руски активности.

    Популарно

    Мицкоски: Македонските граѓани што ја напуштија државата почнаа полека да се враќаат

    12.12.2025 во 13:39

    Ја силувал и ја сечел по телото, па и ставил нож под грло – Поднесено обвинение за полов напад и уцена

    13.12.2025 во 12:50

    (ВИДЕО) Напад во Црното Море: Турски патнички и товарен брод погоден од ракета „Искандер“ во пристаништето Одеса

    12.12.2025 во 19:28

    Трамп подготвува нова понуда за Украина, еве што добива Киев

    13.12.2025 во 13:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.