Close Menu
Press24
    Најново

    Меџити: Мастер планот за Чаир се преточува во реалност преку нови булевари и општински базен

    21.02.2026 во 16:01

    Мицкоски: Доколку фирмата што ги ангажирала за работа во странство платила данок, граѓаните нема да треба да го сторат тоа

    21.02.2026 во 15:50

    Хорор во Свети Николе: 15 часа ја тепал бремената девојка, со ладна вода ја освестувал за да продолжи да ја малтретира

    21.02.2026 во 14:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Меџити: Мастер планот за Чаир се преточува во реалност преку нови булевари и општински базен
    • Мицкоски: Доколку фирмата што ги ангажирала за работа во странство платила данок, граѓаните нема да треба да го сторат тоа
    • Хорор во Свети Николе: 15 часа ја тепал бремената девојка, со ладна вода ја освестувал за да продолжи да ја малтретира
    • Го грабнале, па тепале под закана со огнена оружје – драма во тетовско Гајре
    • Трагедија кај Виница: Загина млад возач
    • Детали за пожарот во Трговскиот центар во Кочани: Плинска боца се запалила во кујна од ресторан
    • Николоски: До крајот на 2029 година ќе возиме по новиот автопат Гостивар – Букојчани
    • Мицкоски обвинува екс-функционери за шверцот на марихуана
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Одбраната на инспекторите за пожарот во Кочани: Обвинителството ја крие вистината, незаконитост имало и кај нив

    Одбраната на инспекторите за пожарот во Кочани: Обвинителството ја крие вистината, незаконитост имало и кај нив

    11.12.2025 во 15:00
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    На денешното рочиште за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, одбраната на обвинетите пазарни инспектори остро ја критикуваше работата на Обвинителството, доведувајќи ја во прашање правната конструкција на обвинението и јавното пласирање на информации за институционалната одговорност.

    Адвокатите директно го нападнаа Обвинителството, укажувајќи дека доколку се бара причинско-последична врска низ целиот систем, тогаш одговорност треба да има и кај самото Обвинителство кое, по допрен глас, требало прво да реагира на евентуална незаконитост во објектот.

    Адвокатот Ванчо Шехтански, бранител на Миле Ампов, изнесе остри критики:

    „По допрен глас, Обвинителството е тоа што треба да ја има првичната реакција доколку имало некаква незаконитост во објектот. Зошто, обвинителе, вие наместо да барате причинско-последична врска кај другите институции, едноставно по допрен глас не сте реагирале, и оваа трагедија на 16 март немало ни да се случи. Немојте да манипулирате со луѓето.“

    Одбраната укажа на сериозни неточности во прикажувањето на правниот статус на објектот:

    Шехтански наведе дека објектот каде што избувна пожарот се вика „Клуб Пулс“, ниту „кабаре“, ниту „дискотека“, и дека правното лице ДПРУ „Класик“ (со подружница „Кабаре Пулс“) повеќе не постоело во критичниот период.

    Ампов, како инспектор, бил пензиониран во 2024 година, поради што не можел да врши инспекциски надзор во 2025 година.

    Адвокатот Зоран Волчанов, бранител на Блашка Евтимова (пензиониран инспектор), нагласи дека неговиот клиент е обвинет за дејствие од 2012 година за кое постои апсолутна застареност. Обвинетата Евтимова, која работи во Виница, изјави дека кога вршела контрола во 2012 година, објектот ги исполнувал условите, а потоа не добила налог да постапува во друг правен субјект.

    Адвокатот Благој Димковски, бранител на Весна Кузмановска, нагласи дека неговата клиентка работела совесно и одговорно три децении, а доколку постоела грешка, таа е „грешка на систем, на недоречени процедури, оптовареност и организациски слабости, но не и грешка на едно лице“.

    Димковски, исто како и Шехтански, праша: „Почитуваниот обвинител само не посочи за одговорност кај своите, кај обвинителите… Па нели е обвинителството еден од столбовите на овој систем, па ако е силно и квалитетно обвинителството можеби толку маани на системот и нема да му наоѓаме?“

    Адвокатот Марјан Михов, бранител на Емил Митев, оцени дека обвинението е правно погрешно и фактички неосновано проширување на кривично-правната одговорност.

    Михов ја оспори можноста да се утврди умисла за грозоморните последици кај пазарен инспектор кој постапувал пред 5, 10 или 15 години. Тој исто така посочи дека Обвинителството го игнорирало вонредниот режим на работа за време на КОВИД-19 (март 2020 – октомври 2021), период кога владините одлуки забранувале работа на клубовите и било невозможно да се вршат контроли.

    Обвинителството, застапувано од тим од 15 јавни обвинители, претходно најави дека доказите ќе покажат оти клубот „Пулс“ бил смртоносна стапица уште од самиот почеток.

    Популарно

    Мицкоски: Македонија е жртва на европски булинг, ЕУ разгледува поделба на земји од „прва и втора лига“

    21.02.2026 во 11:06

    ВМРО-ДПМНЕ: Сведоштвото на судијата Катевеновски докажува како СДСМ и ДУИ монтирале политички случаи

    21.02.2026 во 10:48

    (ФОТО) „Овој тип ми го запали автомобилот“: Бака Прасе го покажува лицето на човекот осомничен за запалување на неговиот Брабус

    20.02.2026 во 19:49

    Се излеа Сива Река, одрони на патиштата – ЦУК информира за состојбата во Македонија

    20.02.2026 во 11:44

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.