Close Menu
Press24
    Најново

    Најмалку 12 загинати и 47 повредени во сообраќајната несреќа на полски автобус во Унгарија

    16.08.2026 во 15:42

    Велјановски: Нови странски директни инвестиции и зголемување на производствените капацитети на постоечките за нови работни места

    16.08.2026 во 15:19

    Приведен маж: Ја нападнал и повредил својата снаа

    16.08.2026 во 15:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Најмалку 12 загинати и 47 повредени во сообраќајната несреќа на полски автобус во Унгарија
    • Велјановски: Нови странски директни инвестиции и зголемување на производствените капацитети на постоечките за нови работни места
    • Приведен маж: Ја нападнал и повредил својата снаа
    • Спасено повредено лице од непристапен терен на Пелистер
    • Ѓорѓиевски: Скопје е наш заеднички дом, да го чуваме чист, уреден и достоинствен – онака како што заслужува секоја европска метропола
    • Приведени 16 возачи, 10 од нив возеле под дејство на алкохол
    • Шест активни пожари во моментов
    • МОН: И на власт и во опозиција – СДСМ поддржува и пропагира противзаконско работење
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија не планира да воведе радикални забрани за користење на социјалните мрежи за деца – ќе се едуцираат родителите

    Македонија не планира да воведе радикални забрани за користење на социјалните мрежи за деца – ќе се едуцираат родителите

    11.12.2025 во 13:482 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонија засега не планира да воведе радикални забрани за користење на социјалните мрежи за деца, како што предвидува австралискиот модел со ограничување под 16 години, изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

    Одговарајќи на прашањето дали Македонија ќе го следи примерот на Австралија, Андоновски нагласи дека секоја забрана мора внимателно да се донесе и имплементира.

    „Секоја забрана треба да бидете свесни како ќе ја донесете, ќе има два ефекти. Ако не успеете да ја имплементирате до крај, таа ќе придонесе некои да се снаоѓаат, а некои да излезат целосно од контрола. Второ, елементот дали општеството е подготвено за таков радикален чекор“, истакна министерот.

    Според Андоновски, клучното решение за заштита на децата лежи во едукацијата и работата со родителите.

    „Решението е во едукација и работа со родителите, да ја насочат употребата на мобилните телефони кај децата кон работи кои се корисни, а не кон натпревари или содржини што одземаат премногу време без никаква корист“, рече тој.

    Тој потсети дека сите социјални медиуми веќе имаат граница за корисници под 16 години.

    „Ако родителите го имплементираат тоа кај своите деца, тогаш децата нема да имаат пристап до алгоритми и содржини кои се штетни за нив. Ако тоа не го прават родителите, многу е потешко државата да се меша во слободниот избор на секој граѓанин и семејство и да одлучува што смеат, а што не смеат“, појасни министерот.

    Во однос на австралискиот закон, министерот изрази скептицизам дека проектот ќе успее целосно, бидејќи првите најави веќе покажуваат дека се наоѓаат начини за техничко заобиколување на забраните. Тој додаде дека Македонија веќе работи на заштита на децата преку Центарот за побезбеден интернет.

    Прочитај повеќе

    Велјановски: Нови странски директни инвестиции и зголемување на производствените капацитети на постоечките за нови работни места

    16.08.2026 во 15:19

    Приведен маж: Ја нападнал и повредил својата снаа

    16.08.2026 во 15:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.