Close Menu
Press24
    Најново

    На четиричлено семејство потребни му се 1.120 евра за да го помине месецот

    20.06.2026 во 15:19

    Малолетно девојче нападнато во Бардовци

    20.06.2026 во 15:04

    Судир на три возила кај Битола: Повредени четири лица, возач возел под забрана

    20.06.2026 во 14:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • На четиричлено семејство потребни му се 1.120 евра за да го помине месецот
    • Малолетно девојче нападнато во Бардовци
    • Судир на три возила кај Битола: Повредени четири лица, возач возел под забрана
    • Паднаа 12 млади за поседување дрога
    • Норвешка забрани користење АИ во основните училишта
    • Уживајте во викендов: Од понеделник пресврт на времето
    • Железница привремено ги укинува возовите поради „Градски воз“
    • Ригорозни казни за големите маркети: Мицкоски најави 10 пати поголеми глоби за тие што прават профит на грбот на граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Герасимовски: Општините не смеат да бидат заложници на политиката

    Герасимовски: Општините не смеат да бидат заложници на политиката

    11.12.2025 во 13:342 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, учествуваше на панел-дискусијата „Перспективи за унапредување на децентрализацијата и локалното управување“, во рамки на Годишната конференција за локална самоуправа и децентрализација.

    Во своето обраќање тој ја нагласи потребата од продолжување на процесот на децентрализација, јакнење на меѓуопштинската соработка, активната улога во ЗЕЛС и координацијата со државните институции во интерес на граѓаните.

    „Без оглед на различните политички определби, јас верувам дека соработката меѓу централната и локалната власт мора да биде над дневната политика. Децентрализацијата е темел на современото управување, а општината е сервис на граѓаните, не место за политички блокади“, истакна Герасимовски.

    Тој потсети дека Скопје во 2028 година ќе ја носи титулата Европска престолнина на културата и дека Општина Центар, како урбано и културно средиште, ќе биде главен домаќин на голем дел од програмските активности. Затоа, како што рече, е неопходно координирано делување меѓу градот, општините и извршната власт уште од раната фаза на планирање, бидејќи успехот на проектот зависи и од начинот на кој Центар ќе ја поддржи програмата што ќе ја претстави државата пред Европа.

    Герасимовски ја нагласи и важноста на ЗЕЛС како клучен механизам преку кој градоначалниците ги доставуваат своите предлози и забелешки за закони и политики што директно ги засегаат општините.

    Тој потсети на сите законски иницијативи што Општина Центар ги има доставено, меѓу кои предлог измените на Законот за градежно земјиште, иницијативата за измена на повеќе закони со цел општините поефикасно да се справуваат со малолетниот вандализам, прифатената измена на Законот за управување со конфискуван имот со што се овозможува пренамена на дивоградбите во објекти од јавен интерес, како и други предлози насочени кон јакнење на локалното управување.

    Прочитај повеќе

    Пола Скопје денеска без вода

    20.06.2026 во 11:19

    Собраниските комисии дадоа поддршка на Предлог-законот за парничната постапка во второ читање

    19.06.2026 во 18:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.